Како да ја вратите белата боја на извалканите чорапи и да престанете да купувате нови?

Дали ви се случува омилените бели чорапи да не може да се исперат доволно добро, па постојано да купувате нови?

kako-da-ja-vratite-belata-boja-na-izvalkanite-chorapi-i-da-prestanete-da-kupuvate-novi-01.jpg

Со едноставен трик може да престанете да го правите тоа и да научите како да им ја вратите белата боја на чорапите.

Решение за бели чорапи:

Измешајте 5 литри топла вода во сад со лажица сода бикарбона и сок од еден лимон. Мешавината е силна и нагризувачка, па пожелно е да носите ракавици.

Откако ќе ги измешајте состојките, оставете ги чорапите да киснат во мешавината – лимонот и содата имаат плус дезинфекциско својство.

Откако ќе се натопат добро, време е да ги исчистите највалканите делови, односно кај петите. Земете плочка сапун и тријте го местото кое сакате да го исчистите.

Ако нечистотијата е од неодамна, ќе ви биде потребно помлку време, но ако станува збор за застоена нечистотија, ќе биде потребно повеќе време.

За најдобар ефект, оставете ги чорапите во мешавината по 2-3 часа.

Потоа исплакнете ги чорапите и ставете ги во машина со останатите чорапи и облека. 

kako-da-ja-vratite-belata-boja-na-izvalkanite-chorapi-i-da-prestanete-da-kupuvate-novi-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои се најчестите грешки во одгледувањето рози (заради кои изгледаат исушени во лето)? Немојте да ги вадите во најголемите горештини. Не ги отстранувајте оштетените гр...
14 бескорисни работи што ги чувате дома со години (а време е да ги фрлите) Работи кои си го изгубиле својот пар, како чорапи или ракавици, но и бескорисни ...
Како најлесно да ја исчистите завесата во бањата? Ако забележите нечистотии или мувла на завесата за туширање во вашата бања, не з...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
Совети за чистење и одржување на мебелот од ратан, кој е хит за тераса и двор Погрижете се добро да го исушите мебелот за да спречите оштетување од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg