Секојдневни предмети што сигурно сте ги употребувале погрешно


Секојдневни предмети што сигурно сте ги употребувале погрешно

Секој ден правиме стотици работи без воопшто да мислиме на нив. Сепак, овие нешта ни се рутина и најчесто ги завршуваме автоматски.

sekojdnevni-predmeti-shto-sigurno-ste-gi-upotrebuvale-pogreshno-01.jpg

Но неретко, многу од секојдневните предмети ги користиме погрешно, па дури и ја намалуваме нивната ефикасност.

Штом ќе дознаете како навистина се користат овие предмети, повеќе никогаш нема да ги употребувате по старо.

Како да спиете поудобно во авион?

Обично, авионските седишта имаат мала перница и шамивче закачени на нив. Но, некои авиокомпании сметаат дека „ушите“ се клучни за удобен сон.

Добро е што можете да го приспособите ова перниче како што сакате.

sekojdnevni-predmeti-shto-sigurno-ste-gi-upotrebuvale-pogreshno-02.jpg

Стапчиња за јадење

Сигурно и вие сте налетале на видео на кое се прикажува дека горниот дел од стапчињата треба да се скрши и да се користи како држач. Изгледа дека овој „совет“ бил лажен.

Горниот дел од стапчињата всушност покажува дека не ги употребувал некој друг пред вас.

sekojdnevni-predmeti-shto-sigurno-ste-gi-upotrebuvale-pogreshno-03.jpg

Зошто шишињата имаат долг „врат“?

Овој трик е одличен за во лето – би требало да го држете шишето за вратот.

Формата на шишето е со причина, односно, за да не го стоплите пијалакот со вашата дланка.

sekojdnevni-predmeti-shto-sigurno-ste-gi-upotrebuvale-pogreshno-04.jpg

Како правилно да ја употребувате пресата за лук?

Овие преси се навистина корисни, но изгледа не ги користиме како што треба.

Знаевте ли дека воопшто нема потреба да ја отстранувате лушпата на лукот пред да го ставите во преса?

sekojdnevni-predmeti-shto-sigurno-ste-gi-upotrebuvale-pogreshno-05.jpg

Одзатнувач за тоалетна школка

Речиси секој има гумен одзатнувач во тоалетот, но изгледа дека постојат разни вакви одзатнувачи со различна намена.

Оној што го употребуваме сите е добар за мијалници, но за тоалетна школка би требало да употребувате модел како на фотографијата десно.

sekojdnevni-predmeti-shto-sigurno-ste-gi-upotrebuvale-pogreshno-06.jpg

Зошто четките за заби имаат шарени влакна?

Денес е навистина тешко да најдете четка во една боја. Повеќето четки имаат влакна со различни бои, кои по некое време избледуваат. Ова е знак дека треба да ја замените четката.

sekojdnevni-predmeti-shto-sigurno-ste-gi-upotrebuvale-pogreshno-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 трикови со кои вашиот тоалет ќе блеска за кратко време и малку пари Нема потреба да давате пари на скапи средства... Со лимон, алкохолен оцет, сода ...
10 работи кои не треба да ги чувате во подрум, а сигурно половина од н... Оние кои имаат подрум знаат колку овој простор ги спасува кога треба да ѝ најдат...
3 најчести грешки со кои ги уништувате костимите за капење Овие грешки многу луѓе ги прават, кога станува збор за костими за капење, а веро...