Работи и места во домот што заборавате да ги исчистите, а не треба

Завеса во тоалет

На завесата во тоалетот се собираат остатоци од шампони и нечистотии, па не заборавајте да ја исчистите.

Картичките во вашиот паричник

Вашите картички ги употребувате речиси секој ден, без воопшто да помислите колку пати ги допирате. Поради тоа, добро би било да ги чистите и нив.

raboti-vo-domot-shto-zaboravate-da-gi-ischistite-no-bi-trebalo-05.jpg

Клучеви

Исто како картичките, и клучевите се користат секојдневно. За да ги исчистите и заштитите од ’рѓа, потопете ги во раствор од лимон и сол, а потоа исплакнете ги со средство за садови.

Корпи за ѓубре

Бидејќи целиот ваш отпад завршува во корпите, не треба да заборавите да ги чистите и нив. 

raboti-vo-domot-shto-zaboravate-da-gi-ischistite-no-bi-trebalo-06.jpg

Кваки

Дали некогаш сте се сетиле да ги избришете кваките во домот? Ова се можеби најдопираните предмети во вашиот дом, па одвреме-навреме чистете ги.

Површина под тепихот

Можеби редовно го чистите вашиот тепих, но понекогаш треба да исчистите и под него. Барем еднаш месечно тргајте го тепихот и темелно исчистете го подот.

raboti-vo-domot-shto-zaboravate-da-gi-ischistite-no-bi-trebalo-07.jpg

Кујнски уреди

Микробранови, тостери, апарати за кафе… ова се уреди што ги користите редовно и што треба да ги чистите барем два пати месечно.

Играчки

Играчките на вашите деца се совршено тло за бактерии. Кога ќе ги чистите играчките, можете да го замолите вашето дете да ви помогне.

raboti-vo-domot-shto-zaboravate-da-gi-ischistite-no-bi-trebalo-08.jpg

Шишиња за вода

Доколку имате шише за вода, важно е да го чистите секој ден.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава