11 работи што секојдневно ги прават луѓето чиј дом е беспрекорно чист

Чистат додека работат нешто

Додека чекате некое јадење во рерната или на шпоретот, можете да ги измиете садовите. Додека гледате филм, исчистете ја масата во дневната.

11-raboti-shto-sekojdnevno-gi-pravat-lugjeto-chij-dom-e-besprekorno-chist-04.jpg

Чистат пред спиење

Секоја вечер пред да си легнете, одвојте неколку минути за да го исчистите подот. Не мора да вклучувате правосмукалка, доволно е да поминете со крпа по паркетот или плочките.

Чистат на крајот од денот

Кога ќе завршите со сите обврски, соберете ги предметите што се расфрлани низ домот. На овој начин нема да се собираат.

11-raboti-shto-sekojdnevno-gi-pravat-lugjeto-chij-dom-e-besprekorno-chist-05.jpg

Ја средуваат облеката

Сите имаат еден стол кој во понеделник е празен, а до петок е полн со алишта. За да го избегнете ова, секој ден ставајте ја валканата облека за перење, а чистата во гардеробер.

Отвораат прозорец

Морате секој ден да го проветрувате домот, дури и ако времето е ладно.

На овој начин ќе се ослободите и од непријатните мириси што се задржале во текот на денот.

11-raboti-shto-sekojdnevno-gi-pravat-lugjeto-chij-dom-e-besprekorno-chist-06.jpg

Ги затвораат вратите

Понекогаш треба да прифатите дека е невозможно да го исчистите целиот дом. Па, ако не можете да ја поднесете расфрланата соба на вашите деца, едноставно затворете ја вратата.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...

Најчитани неделава