Направете сами: Eколошко универзално средство за чистење на домот

Многумина се сомневаат во ефикасноста на домашно направените средства за хигиена. Сепак, не само што е возможно сами да направите темелен чистач за вашиот дом, туку тоа може да го сторите на економичен, еколошки и забавен начин.

Napravete-sami-ekoloshko-univerzalno-sredstvo-za-chistenje-na-domot-01.jpg

Со ова универзално средство може да чистите различни површини во домот, а неговата подготовка нема да ви одземе повеќе од 5 минути.

Важно е да се напомене дека во случај на употреба врз дрвени површини, препорачливо е да се користи исклучиво за лакирано дрво.

Состојки:

  •  1/2 шолја бел оцет со 9% алкохол
  • 1 лажица боракс
  • 1 лажица хидроген 3%
  • 2 чаши топла вода
  • исцеден сок од 1 лимон
  • гранче рузмарин (по избор)
  • есенцијално масло (по избор)

Подготовка:

Во длабок сад се става 1 лажица боракс, се полева со двете чаши топла вода и се меша додека да се раствори. Потоа, се додаваат хидрогенот, оцетот и сокот од лимон, повторно се меша, а на крај се додава есенцијалното масло.

Целата смеса се претура во шише со прскалка, во кое може претходно да ставите гранче рузмарин и средството е подготвено за употреба.

 За состојките:

  • Боракс е природен минерал, во форма на прашок кој можете да го најдете во аптеките, по цена од околу 40 денари. Тој дејствува како дезинфекциско средство и отстранува маснотии.
  • Хидрогенот исто така може да се најде во аптека, по цена од околу 30 денари. Не се препорачува да се користи хидроген со повеќе од 3%. Тој е силно антибактериско средство, убива салмонела, дезинфицира и остава сјај на површините.
  • Оцетот и лимонот поради големото ниво на киселост веднаш ги убиваат бактериите.
  • Есенцијалните масла се концентрати од различни растенија кои имаат антибактериско дејство и испуштаат пријатна миризба.

А.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...
Пет чести грешки со кои го уништувате одводот во кујната Истурате масло во мијалникот и пробувате да ги одзатнете цевките со сода бикарбо...

Најчитани неделава