Како да се мотивирате почесто да го чистите домот?

Ако имате многу простории за чистење, направете список на соби. Овој список може да ви послужи како водич за следење на напредокот во вашата работа и ќе ви помогне да останете мотивирани.

kako-da-se-motivirate-pochesto-da-go-chistite-domot-01.jpg

Иако сите сакаме да го одржуваме домот уреден, тоа веројатно не ве мотивира да чистите секој ден. Нередот постепено се враќа, освен ако редовно не се грижите за тоа.

Ако ви е навистина тешко да се натерате редовно да го средувате домот, ова се неколку совети што ќе ве мотивираат:

Поставете јасни цели

Да се има јасна цел е клучно во овој случај. Дознајте што го создава нередот и размислете што ќе постигнете со чистењето. Ова ќе ви помогне да поставите јасни цели и намери.

kako-da-se-motivirate-pochesto-da-go-chistite-domot-02.jpg

Планирајте го вашето време

Потребно е многу време за чистење, затоа е важно е да го испланирате денот и потребното време. 

Ако, на пример, сакате да ја средите целата куќа или стан, сигурно нема да ви биде доволен еден ден.

Поставете си краен рок за чистење - бидете реалистични и дајте си повеќе време отколку што сте замислиле.

Нема да бидете разочарани ако не завршите навреме, но сигурно ќе бидете горди ако завршите пред крајниот рок.

kako-da-se-motivirate-pochesto-da-go-chistite-domot-03.jpg

Следете го напредокот и наградете го секој успех

Ако имате многу простории за чистење, направете список на соби. Овој список може да ви послужи како водич за следење на напредокот во вашата работа и ќе ви помогне да останете мотивирани.

Покрај списокот, можете да ја фотографирате собата пред да почнете да чистите. Само погледот на фотографијата ќе ви помогне да донесете одлука дали сакате да живеете во тој хаос.

На крај, наградете го успехот. Вистинската награда е чистиот дом, но сепак, малата награда на крајот од напорниот ден ќе ви го олесни овој процес.

kako-da-se-motivirate-pochesto-da-go-chistite-domot-04.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...

Најчитани неделава