Трик со кој ќе го омекнете џемперот кој ве боцка

Сигурно барем еднаш сте се заљубиле во топол џемпер на прв поглед, но и сте се разочарале кога сте го облекле и сте сфатиле дека е неудобен и боцка.

trik-so-koj-ke-go-omeknete-dzemperot-koj-ve-bocka-01.jpg

Постојаното пецкање на плетката е нешто што никој не може да го истрпи, но за среќа и за тоа постои решение.

Како што тврдат девојките кои го испробале овој трик, џемперот може да го омекнете на сличен начин како и косата.

Прво треба да го превртите наопаку, а потоа да го потопите во мешавина од вода и неколку лажици алкохолен оцет и да го оставите така 15-тина минути.

Добро исцедете и додека е уште мокар, на него нанесете поголема количина регенератор за коса. Тријте неколку минути за да ја опфатите целата површина од џемперот.

После 30 минути внимателно исплакнете и исцедете.

Ставете го џемперот да се суши на рамна површина како не би се развлекол.

Може да го ставите и во пластична кеса со патент-затворач и да го оставите во замрзнувач преку ноќ.

Кога добро ќе се исуши, облечете го и ќе ја забележите разликата.

trik-so-koj-ke-go-omeknete-dzemperot-koj-ve-bocka-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...

Најчитани неделава