8 неочекувани трикови во домот кои може да ги направите со правосмукалката

Сега барем имаме доволно време да му се посветиме на домот. Повеќе нема изговори. Правосмукалката најчесто ја користиме за најочигледната намера – собирање прав во домот.

8-neocekuvani-trikovi-so-pravosmukalka-01.jpg

Но, можете ли да претпоставите за што сè друго може да послужи?

Направете домот да ви мириса прекрасно

Направете топче од памук или пак на тупфер нанесете неколку капки од вашето омилено есенцијално масло или парфем и ставете го во ќесата на правосмукалката додека чистите. Вашиот дом ќе мириса свежо и пријатно.

8-neocekuvani-trikovi-so-pravosmukalka (1).jpg

Држете ги алергените подалеку од домот

Во моментот кога започнува топлото време и прозорците се ширум отворени, рамките на прозорците стануваат дом на многу прав и алергени, како полен. Со помош на додатокот од правосмукалката исчистете ги детално рамките и држете ги алергените подалеку од домот. Повторувајте ја постапката еднаш неделно.

8-neocekuvani-trikovi-so-pravosmukalka (2).jpg

Соберете ги ефикасно трошките

Претпоставуваме дека ви се собираат многу трошки во тостерот или пак на површината на шпоретот. Со помош на правосмукалката лесно може да ги соберете сите до една.

8-neocekuvani-trikovi-so-pravosmukalka (3).jpg

Исправете ги дупките во килимот

Кога одредено парче мебел стои долг временски период на едно исто место, има тенденција да прави нерамнини и дупки во тепихот. Ставете неколку коцки мраз на ваквите места и оставете ги да се стопат. Под дејство на водата влакната од ткаенината ќе се исправат, а потоа поминете ги со правосмукалка за да се вратат во првобитната форма.

8-neocekuvani-trikovi-so-pravosmukalka (4).jpg

Уште 4 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...

Најчитани неделава