Покрај тоалетот, кои се највалканите места и предмети во домот?

Многу места во домот се совршена околина за бактерии, а на некои од нив сигурно не би ни помислиле.

pokraj-toaletot-koi-se-najvalkanite-mesta-i-predmeti-vo-domot-01.jpg

Најчесто ова се места со повеќе влага, или предмети што често го допираме, но ретко-кога ги чистиме.

Затоа, следниот пат кога ќе правите генералка, немојте да ги прескокнете овие нешта:

Корпи за ѓубре

Обично корпите не се валкаат многу, бидејќи речиси сите ставаат вреќи или кеси. Но неретко кесите протекуваат или се кинат, па корпата се валка.

Затоа, еднаш неделно темелно чистете ги и корпите за ѓубре.

Далечински управувачи

Далечинските управувачи, без разлика дали за телевизор, клима или нешто друго, се предмети што ги допираме секојдневно. Но колку пати сте ги исчистиле?

Најдобро е да ги чистите далечинските управувачи еднаш дневно, со антибактериско марамче или алкохол.

pokraj-toaletot-koi-se-najvalkanite-mesta-i-predmeti-vo-domot-02.jpg

Кујнски површини

Бидејќи во кујната приготвуваме храна и ја користиме секојдневно, и овде бактериите лесно се размножуваат. Уште полошо ако ги бришете масите во кујната во сунѓер, бидејќи тој е највалканиот предмет во вашиот дом.

Исто како далечинските управувачи, еднаш дневно дезинфицирајте ги и кујнските површини.

Чешми

Кога сакаме да ги измиеме рацете, ја допираме чешмата и бактериите од дланките остануваат на неа. Затоа, секојдневно дезинфицирајте ги и чешмите во домот.

pokraj-toaletot-koi-se-najvalkanite-mesta-i-predmeti-vo-domot-03.jpg

Шпорет

Можеби редовно ги чистите шпоретот, но колку често ги чистите копчињата? Додека готвите, речиси сигурно дел од храната ќе заврши и на копчињата, со тоа правејќи ги совршена околина за бактерии.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Намирници од кујната кои ги чистат загорените тенџериња и тави подобро од сјајот за садови Доколку сте од оние луѓе на кои садовите за готвење честопати им загоруваат на д...
Предмети во домот што може (и треба) да ги замените со поеколошки варијанти Наместо пластични, купете неколку метални сламки кои ќе можете да ги користите с...
Торба за пазарење, цедалка: 10 работи кои ги користиме често, а не ги чистиме правилно Кога последен пат сте го избришале капакот на корпата за отпадоци или сте ја исп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg