Прашања кои треба да ги поставите пред да изнајмите стан

Потрагата по удобен и добро уреден стан, кој истовремено ќе биде парично прифатлив, е тежок предизвик при кој треба да отворите четири очи.

prashanja-koi-treba-da-gi-postavite-pred-da-iznajmite-stan-01.jpg

Без оглед на тоа колку станот ви паднал во очи, не се залетувајте. Естетиката е важна, но не е пресудна.

За почеток, заинтересирајте се за договорот. Тоа ви е одлична шанса да ги заштитите своите права како станар под наем и да ги прецизирате деталите и условите на користење, но и вашите обврски кон сопственикот.

Договорот задолжително мора да има: точна сума, рокови и начин на плаќање, траење на закупот, името на лицето кое ќе живее во станот, името на лицето на кое се води станот, како и под кои услови ќе се регулираат тековните поправки во станот, отказен рок и слично...

Основни прашања кои треба да ги поставите, а многумина ги игнорираат при изнајмување на стан:

- Дали сите цевки во станот се во ред?

- Дали сите уреди се исправни?

- Колкави се сметките за струја, интернет, вода, централно греење и слични додатоци кои доаѓаат заедно со станот?

- Во каква состојба е мебелот?

prashanja-koi-treba-da-gi-postavite-pred-da-iznajmite-stan-03.jpg

- Каква е звучната изолација?

- Дали во станот имало проблем со штети претходно?

- Дали издавачот има посебни очекувања?

- Дали издавачот смета дека е во ред било кога да се појави ненајавен?

- Колку е безбеден станот, зградата, околината?

prashanja-koi-treba-da-gi-postavite-pred-da-iznajmite-stan-02.jpg

- Каков е ставот на издавачот за миленичиња?

Што би додале на листата? Што вам ви е важно или ви било пресудно за да го изнајмите станот или не? Помогнете им на неискусните во коментари.

Би можело да ве интересира:

8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Пет работи кои не треба да ги чувате во шкафчето под кујнскиот мијалник Ако имате деца, никако немојте да чувате силни хемикалии во шкафчето под мијални...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
14 ќошиња и „ситници“ во домот што заборавите да ги исчистите (а треба под итно) Дали ја бришете прашината над лустерите, или поминувате со правосмукалка помеѓу ...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...

Најчитани неделава