8 трикови за чистење од домаќинките чии домови светат
Чистењето е здодевно и непријатно. Но, благодарение на неколку трикови, сите обврски стануваат полесни, па така и оваа.

Ова се тајните на домаќинките чии домови секогаш светат:
Секогаш чистете на дневна светлина.

Масните остатоци од прстите на разни површини лесно се чистат со гума за моливи.

Огледалото помалку ќе се замаглува ако го премачкате со пена за бричење, па го пребришете.

Прозорците се чистат на облачно време, за детергентот побавно да се суши и да не остава траги.

Остатоците од кафе и чај кои тешко се мијат, истријте ги со неколку лажички сода бикарбона.

Безбедно може да го исчистите лаптопот со микрофибер крпа потопена во малку оцет.

Белите прстени од мокри чаши на дрвените површини може да ги исушите со фен, па потоа дрвото да го премачкате со малку масло за готвење.

Избушените дупки во белиот ѕид привремено може да се покријат со паста за заби.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес
Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари
Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна
Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус
Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Ја миете во машина и уште седум грешки што ја уништуваат нелепливата тава
Никако немојте да користите метални лажици и слично кога готвите во нелеплива та...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари)
Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...