Масло во мијалникот и уште 8 грешки кои ги правиме дома и си создаваме главоболки

Сите сакаме среден и чист дом, но факт е дека правиме и многу грешки додека се грижиме за него.

najchestite-greshki-vo-domot-shto-mozhat-da-bidat-shtetni-i-po-vasheto-zdravje-01.jpg

Со повеќето грешки во домот, им го скратувате животот на предметите и покуќнината, што можеби не е голем проблем, но некои од нив можат да бидат лоши и за вашето здравје.

Затоа, погледнете кои се најчестите грешки во домот што би требало да ги избегнувате:

Чистење со метла наместо со правосмукалка

Се разбира, многу е полесно да го поминете подот со метла отколку да ја вадите правосмукалката. Но, со метлата не само што нема да ја соберете целата прашина, туку и ќе ја разлетате низ домот.

Метлата е одлично помагало кога треба да средите мал неред, како ронки на подот, но за темелно чистење, многу подобро е да користите правосмукалка.

najchestite-greshki-vo-domot-shto-mozhat-da-bidat-shtetni-i-po-vasheto-zdravje-02.jpg

Истурање масло во мијалникот или шолјата

Можеби не сте помислиле на ова, но истурањето масло во мијалникот или тоалетната школка може да ви предизвика проблеми. Кога маслото ќе се излади, тоа почнува да се лепи на цевките од водоводот и со текот на времето настанува талог. А, овој талог може да ги затне цевките.

За да го избегнете користењето хемикалии за одзатнување, кои можат да бидат штетни, кога ви останува масло после готвење, најдобро ставете го во пластична кеса или некој сад, осигурете се дека нема да протекува, па потоа фрлете го во контејнер.

najchestite-greshki-vo-domot-shto-mozhat-da-bidat-shtetni-i-po-vasheto-zdravje-03.jpg

Немате навлажнувач за воздух

Премногу влага во домот не е добро, но истовремено, ни премногу сувиот воздух не е добар за вашето здравје.

Факт е дека навлажнувачите за воздух можат да бидат скапи, но нема потреба да купувате – истиот ефект ќе го постигнете и со шише со распрскувач полно со вода.

najchestite-greshki-vo-domot-shto-mozhat-da-bidat-shtetni-i-po-vasheto-zdravje-04.jpg

Го чистите тоалетот без ракавици

Кога го чистите тоалетот, сигурно користите средства со многу хемикалии, па важно е да се заштитите. Овие продукти за чистење имаат состојки кои можат да ја исушат вашата кожа и да предизвикаат иритација. Истовремено, не е добро ни да ги вдишувате.

Затоа, следниот пат кога ќе го чистите тоалетот, ставете си ракавици и маска.

najchestite-greshki-vo-domot-shto-mozhat-da-bidat-shtetni-i-po-vasheto-zdravje-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кујнски ножеви и уште 7 работи за кои вреди да потрошите повеќе пари Ако го користите лаптопот само за забава, можете да поминете и со поевтин модел....
10 работи кои се виновни за хаосот во вашата кујна (и време е да ги фрлите) Стари кујнски апарати што ги немате вклучено со години, празни запалки, безброј ...
Предмети што ги користиме „до последно“, но треба почесто да ги менуваме со нови Сигурни сме дека редовно ги перете крпите за бришење, но сепак е препорачливо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg