16 совети и трикови со кои ќе ѝ го продолжите животот на вашата облека

9. Немојте да ги диплите парчињата од кожа, бидејќи со текот на времето ќе се појават набори, а кожата може да испука. Наместо тоа, чувајте ги на закачалка.

10. Слично како облеката со принтови, и фармерките би требало да ги перете превртени наопаку. На овој начин ќе го спречите избелувањето на нивната боја. Истовремено, најдобро е да ги перете со студена вода, освен белите фармерки, кои треба да се перат со потопла вода. Можеби досега сте го слушнале трикот дека можете да ги чувате фармерките во ладилник и така да ги издезинфицирате. Со ова можеби ќе ги намалите непријатните мириси, но сигурно нема да ги отстраните нечистотиите, што значи дека перењето е секогаш најдобрата опција.

16-soveti-i-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-zhivotot-na-vashata-obleka-05.jpg

11. Немојте да ставате премногу облека во гардероберот. Ако немате многу место, внатре нека ви стои само облеката што ќе ја носите таа сезона. На пример, во летните месеци нема потреба внатре да ви стојат и џемперите, и подобро е да ги складирате во кеси или куфери. Кога имате премногу облека во гардероберот, нешто сигурно ќе се истутка и уништи, а и ќе имате помала прегледност.

12. Честото перење може да ја „истроши“ облеката, па важно е да знаете кои парчиња треба да ги перете поретко. Јакните, мантилите и слично е доволно да ги перете 2-3 пати годишно. Фармерките после 5-6 носења, а маиците, заедно од долната облека, после секое носење.

13. Немојте да ги чувате џемперите на закачалки, туку здиплете ги во гардероберот. На овој начин ќе го спречите истегнувањето на материјалот. Ако немате место за диплење, можете да ги чувате и на закачалка, но како што е прикажано на фотографиите во продолжение.

16-soveti-i-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-zhivotot-na-vashata-obleka-06.jpg

14. Кога го перете костимот за капење, немојте да го гмечите за да ја исцедите водата, бидејќи ќе го оштетите деликатниот материјал.

15. Ако имате мачка или куче, најдобро е да ги отстраните влакната од облеката пред да ја ставите за перење. Најевтината варијанта за ова се самолепливите ролери за отстранување влакна.

16-soveti-i-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-zhivotot-na-vashata-obleka-07.jpg

16. Не заборавајте одвреме-навреме да го проверите филтерот на машината за перење. Овде често се собираат влакна и слично, па ако не го чистите редовно, пералната нема да функционира како што треба.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава