16 совети и трикови со кои ќе ѝ го продолжите животот на вашата облека

Дали сте забележале дека вашата облека изгледа „износено“ и „истрошено“ после само неколку носења? Тогаш веројатно правите неколку грешки при нејзиното чување и перење.

16-soveti-i-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-zhivotot-na-vashata-obleka-povekje.jpg

За некои парчиња облека не е доволно само да ги исперете кога ќе бидат валкани, туку треба да обрнете внимание на повеќе работи. На пример, фармерките треба да ги перете превртени наопаку, а чантите треба да ги чувате полни со хартија или нешто слично.

Во продолжение погледнете 16 совети со кои ќе ѝ го продолжите животот на вашата облека:

1. Пред да ја ставите облеката во машина за перење, закопчајте ги сите патенти и копчиња. Откопчаните патенти можат да ги уништат другите парчиња облека во пералната, а бидејќи копчињата „се држат“ на само неколку конци, ако ги оставите откопчани, поголема е веројатноста да се скинат.

2. Добро би било да ги закопчувате и градниците – и неговите нитни можат да ја оштетат другата облека во пералната, особено ако е од деликатен материјал.

16-soveti-i-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-zhivotot-na-vashata-obleka-02.jpg

3. Многу луѓе ја перат облеката на пониска температура бидејќи им е страв дека ќе се смали. Но, некои парчиња морате да ги исперете на повисока температура ако сакате навистина да бидат чисти. За да не погрешите, секогаш перете ја облеката на температурата што е напишана на етикетата.

4. Ако извалкате парче облека со нешто што остава дамки, немојте само да го оставите за перење. Најдобро е веднаш да ја отстраните дамката, а потоа веднаш да го исперете во перална.

5. Кога перете маици и облека со принтови, најдобро е да ја превртите наопаку. Со текот на времето, принтовите секако ќе избледат, но со овој начин на перење ќе го забавите тој процес.

16-soveti-i-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-zhivotot-na-vashata-obleka-03.jpg

6. Колку и да ви е страв дека ќе ја оштетите, секогаш перете ја новата облека пред да ја облечете. Не знаете кој ја пробувал облеката пред вас, ниту каде била складирана, па со перењето ќе избегнете многу потенцијални проблеми со кожата.

7. Кога ги складирате ранците и чантите што нема да ги носите подолг период, најдобро е да ги наполните со топки од хартија или нешто слично. Притоа, немојте да ги чувате на закачалка. На овој начин ќе ја задржат формата, без разлика колку долго не ги носите.

16-soveti-i-trikovi-so-koi-kje-go-prodolzhite-zhivotot-na-vashata-obleka-04.jpg

8. Никогаш немојте да ги сушите парчињата од кожа на директна сончева светлина. Кожата е природен материјал и лесно може да се оштети од сонцето.

Уште 8 совети на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
Шест (евтини) трикови со кои ќе го отстраните мирисот на влага од испраната облека Остатоците од детергенти и бигор во машината за перење можат да предизвикаат неп...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава