6 корисни работи од секојдневието, кои не знаевте дека постојат

Дури и најобичните работи кои ги гледаме и користиме секојдневно, имаат потенцијал да нè изненадат со своето значење и употреба.

6-korisni-raboti-od-sekojdnevieto-koi-ne-znaevte-deka-postojat-001.jpg

Дали знаевте дека четката за заби ја менува бојата и дека постои повеќе од еден начин да го соблечете бебешкото боди?

Откриваме во продолжение:

1. Бројките на лушпата од јајцата си имаат значење, не се само обични шифри

Првата цифра од шифрата (зависно која од нив стои на почетокот) ќе ви открие дали:

0 – јајцето е органско

1 – јајцето е од птици кои повремено се на отворено

2- јајцата се од птици кои се чувани во домашни услови

3 – јајцата се од птици одгледани во кафези

6-korisni-raboti-od-sekojdnevieto-koi-ne-znaevte-deka-postojat-01.jpg

2. Намалувањето на екранот на iPhone смартфоните има цел

Не е само за да ве нервира кога не сакајќи ќе ја уклучите опцијата. Кога не можете да достигнете со една рака до секое горно ќоше од екранот, тој се прилагодува на користењето со само една рака.

6-korisni-raboti-od-sekojdnevieto-koi-ne-znaevte-deka-postojat-02.jpg

3. Влакненцата на четката откриваат кога е време да ја промените

Влакненцата на чеката за заби обично избледуваат и тоа е знак дека треба да ја замените со нова. Најчесто, најлесно воочливо е на четките со сина боја.

6-korisni-raboti-od-sekojdnevieto-koi-ne-znaevte-deka-postojat-03.jpg

4. Најдобро е путерот од кикирики да го чувате превртен наопаку

Ако е во стаклен или пластичен сад, превртете го наопаку, односно со капачето надолу. На овој начин маслото нема да се одвојува на површината од остатокот од путерот.

6-korisni-raboti-od-sekojdnevieto-koi-ne-znaevte-deka-postojat-04.jpg

5. Постои втор начин како да го соблечете бодито на бебето

Копчињата околу вратот треба да се откопчани и само да повлечете надолу. На овој начин ако долниот дел од бодито е мокро или валкано, нема потреба да го влечете над главата.

6-korisni-raboti-od-sekojdnevieto-koi-ne-znaevte-deka-postojat-05.jpg

6. Која е целта на металните запци на ножиците?

Металните запци на ножиците може да ги искористите за отворање на запечатени стаклени шишиња, да искршите ореви или да исчистите морски плодови.

6-korisni-raboti-od-sekojdnevieto-koi-ne-znaevte-deka-postojat-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи кои треба да ги фрлите веднаш од дома, без жалење Дали наместо да го фрлите искористениот пластичен прибор, си го чувате „за да ви...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
11 работи што никако не треба да ги чувате до шпоретот Звучи логично да ги чувате зачините до шпоретот за да ви бидат при рака кога гот...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...

Најчитани неделава