Трик за отстранување на масни дамки од облеката – спас за парчињата кои мислевте дека се уништени

Вистински хорор е кога ќе видите дека на вашата облека има мрсна дамка. Особено затоа што мрсните дамки воопшто не се перат и остануваат засекогаш на ткаенината. Така оние парчиња облека што добиле мрсни дамки најчесто сметаме дека треба веднаш да ги фрлиме, но дали е тоа така?

1-recept-za-brzo-otstranuvanje-mrsni-damki-so-tri-sostojki.jpg

Сите имаме некое свое магично решение како да се решиме од мрсните дамки: некои сметаат дека треба да се нанесе детергент за садови, други се колнат дека солта е најдобро решение, трети веруваат во моќта на средствата за отстранување дамки…

Една жена сподели видео на ТикТок што наводно ќе ви помогне веднаш да ги отстраните мрсните дамки од облеката. Според неа, овој трик е 100% успешен.

Каролина Мек Каули од Перт, Австралија, на својот ТикТок профил споделува домаќински совети од лично искуство.

Таа има своја „магична“ мешавина што ѝ помага да се справи со мрсните дамки.

За овој метод на отстранување дамки ќе ви биде потребна: сода бикарбона, детергент за перење облека, тоалетна хартија, вода и четка за заби.

„На овој начин јас ги отстранувам мрсните дамки од облеката“ - напиша таа до видеото.

Начинот е едноставен:

  • Прво со тоалетна хартија го отстрануваме вишокот масло. Притоа, мошне е важно тоа да го правиме со тапкање, а не се бришење, за да не ја прошириме дамката.
  • Откако ќе го собереме вишокот мрснотија, на дамката нанесуваме сода бикарбона со лажичка и оставаме околу еден час да се апсорбира.
  • Потоа во една чаша вода додаваме една чаша детергент за перење облека и ги мешаме.
  • Со стара чиста четка за заби нежно ја нанесуваме мешавината на дамката на која претходно сме нанеле сода бикарбона.
  • По ова го ставаме парчето облека на перење во машина.

Според Каролина, облеката би требало да излезе како нова и секако без дамки. Може да пробате, нема што да изгубите ако облеката е веќе уништена.

Погледнете го видеото:

@carolina.mccauley

? How to remove Oil Stains from clothing ? #laundrytips #laundrymagic #laundrytok #cleantok #selftaught

♬ Mr. Sandman - The Chordettes

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Трикови за чистење со продукти што сигурно ги имате дома Можете да искористите мешавина од бел оцет и сода бикарбона за бигорот во тоалет...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
Како да ги отстраните дамките од кремот за сончање на облеката? Одржувањето чиста облека понекогаш може да биде предизвик, особено кога се справ...
Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg