Трик за полесно сушење: Како да ставите дупло повеќе парчиња облека на сушара?

Перењето облека е навистина здодевна работа... Испери, закачи, исуши, испеглај. Па имало место за облеката на сушата, па немало каде да ги закачите. Дополнително, родителите на мали деца знаат дека оваа работа станува уште потешка, кога треба да наполните и да закачите две или три машини со помали парчиња облека.

Trik-za-polesno-sushenje-alishta-kako-da-stavite-duplo-povekje-parchinja-obleka-na-sushara-01.jpg

Мајка на ТикТок откри интересен трик за тоа како успеала да го дуплира бројот на облека што успева да го закачи на сушарата.

Лизл Елизабет има свој профил на ТикТок под името @cleaningfreak_cleaningco и на него објавува поголем број домаќински совети.

Во едно од видеата таа покажува дека ако ги стави алиштата на сушарата како што вообичаено ги ставаме – блиску едно до друго – не само што ќе закачиме помалку алишта, туку и дека облеката останува подолго време влажна и стуткана.

Trik-za-polesno-sushenje-alishta-kako-da-stavite-duplo-povekje-parchinja-obleka-na-sushara-02.jpg

Таа користи полесни закачалки коишто ги става на крајот на сушарата и на тој начин успева да закачи околу 73 парчиња облека.

На овој начин, како што вели, облеката се суши побргу, не е стуткана и нема потреба за пеглање. За крај, нејзиниот совет е да се користат лесни закачалки што нема да тежат премногу на сушарата и да ја скршат.

Како и да е, вреди да се проба – особено ако се земе предвид дека доаѓаат летните горештини, а пеглањето на високи температури е едноставно неподносливо.

Погледнете го видеото:

@cleanfreak_cleaningco

It's been a hot minute! how is everyone?? let's chat. #fyp #cleantok #lifehack #hack

♬ Ultimate life hacks - Kelly - The Life Bath

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки Како да омекнете кристализиран мед, како магдоносот да ви трае подолго и како да...
Како да ја „спасите“ овенатата марула и уште 9 корисни кујнски трикови Како најлесно да ги исечете печурките, но и како да ја „спасите“ овенатата краст...
Корисни трикови со кои ќе го средите хаосот и во најмалата кујна Ротирачка полица за зачините, посебна кутија за вреќички чај и закачени лажици з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg