Како да ги отстраните дамките од кафе со само три состојки што ги имате дома?

Ништо не може да ни го расипе денот како дамките од кафе на новата или омилената блуза, што што сме ја облекле пред да го земаме филџанот со кафе. Но, оваа жена на ТикТок тврди дека нашла трајно решение за тоа како да ги отстраните дамките од кафе без многу мака.

Kako-da-gi-otstranite-damkite-od-kafe-so-samo-tri-sostojki-shto-vekje-gi-imate-doma-01.jpg

Сите знаеме дека ако дамките од кафе не ги третираме веднаш, тогаш најчесто треба да се збогуваме со тоа парче облека.

Каролина МекКoли од Перт, Австралија на својот ТикТок профил објавува домаќински совети, а овојпат ја сподели својата тајна за тоа како се справува со дамките од кафе.

Според неа, тајната е во едноставниот раствор од топла вода, оцет и детергент, а ќе ви биде потребна и четка за заби.

Oва е нејзиниот рецепт кој вреди да се проба, но не постои гаранција дека во секој случај ќе функционира:

  • Отстранете го вишокот кафе со хартиено марамче;
  • Во една кофа или во подлабок сад ставаме топла вода, една чаша оцет и една лажичка детергент за садови;
  • Ставете го парчето облека во садот со растворот и оставете го да стои 30 минути;
  • Со четка за заби истругајте го вишокот кафе доколку има потреба;
  • Исперете ја облеката во машина за перење облека како и вообичаено.

Во продолжение погледнете го видеото на Каролина:

@carolina.mccauley

☕️ Here’s a simple way to remove coffee stains from fabric. #laundrytok #laundrytips #laundryhacks #aestheticclean

♬ Athletic tune "heaven and hell" - Shinonome

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...

Најчитани неделава