Трикови како да го разладите домот навечер и полесно да заспиете

Кога започнуваат топлотните бранови, речиси е невозможно да се преживее во затворен простор без климатизација. Но, од друга страна, ако клима уредот е постојано вклучен, покрај астрономски високата сметка за електрична енергија, може да очекуваме и вкочанетост на грбот и настинка.

Trikovi-kako-da-go-razladite-domot-navecher-01.jpg

За да не ви се случи ова, обидете се да примените следните трикови за ладење кои даваат добри резултати:

Користете термофор

Навикнати сме да го полниме термофорот со топла во текот на зимскиот период за да се згрееме. Но, дали сте знаеле дека термофорот може да помогне и при ладење? Истурете ладна вода во него, па ставете го неколку часа во фрижидерот, или уште подобро – во замрзнувачот.

Непосредно пред да си легнете во креветот земете го ладниот термофор и поставете го на долниот дел од душекот, односно онаму каде што ви се стапалата. Доколку термофор е навистина заледен можете да го завиткате во чаршаф – убаво ќе ви ги олади стапалата, па така лесно ќе заспиете.

Ладна долна облека

Ставете ја памучната облека за спиење во замрзнувач неколку минути. Облечете ја после туширањето, ова дефинитивно ќе ви помогне полесно да заспиете.

Не го проветрувајте домот без престан

Имаме обичај широко да ги отвориме прозорците секое утро штом ќе се разбудиме, со цел да го пуштиме свежиот воздух во домот. Прозорците честопати ги оставаме отворени цел ден.

Но, кога ќе „удри“ тропскиот бран, нема ништо полошо од ова бидејќи топлиот воздух ќе се „всели“ во куќата или станот, така што нашиот дом ќе стане топол како печка.

Затоа, подобра опција е да ги затворите прозорците во текот на денот, да ги повлечете завесите или да ги спуштите ролетните. Вечерта, можете да ги кренете и да ги отворите прозорците, како и вратите – ќе направите „промаја“ и на тој начин ќе го освежите воздухот.

Разладете ги растенијата и наполнете ги садовите со ладна вода

Овој предлог веројатно ќе ви изгледа чудно, но оние што го пробале велат дека има ефект во ладењето на домот.

Истурете коцки мраз или ладна вода во неколку садови и стратешки распоредете ги во сите простории, со акцент на дневната и спалната соба. Покрај тоа што воздухот нема да биде сув, ќе ви биде попријатно да заспиете. За поголем ефект може да поставите и вентилатор пред нив со цел да го разнесуваат ладниот воздух низ просториите.

Растенијата, особено во затворен простор, се однесуваат како природни мини климатизери. Затоа треба да чувате фикус, филадендрон и слични зелени растенија во дневната и спалната соба – тие имаат моќ да апсорбираат малку од топлината. Секако, не заборавајте редовно да ги полевате.

 (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
10 детали кои го уништуваат изгледот дури и на најубавиот ентериер Несредена работна површина во кујната, прашина на собните цвеќиња... Кои се најч...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg