Шетате со чевли внатре и уште 4 навики заради кои чистењето во домот ви е мака
Некои навики што сме ги стекнале во нашето секојдневно функционирање во домот понекогаш само ни трошат време и пари. Нештата може да бидат поедноставни, ако направите некои мали промени.

Се трудите домот да ви биде чист и уреден, но ви се чини дека колку и да чистите, никогаш немате доволно време сѐ да завршите.
Дали некогаш сте се запрашале дека можеби самите имате некои (лоши) навики што треба да ги промените.
Погледнете неколку трикови што може да ви помогнат да заштедите време и пари, доколку редовно ги практикувате:
Садовите што не се загорени не мора да се мијат пред да ги ставате во машина за садови, доволно е само да ги избришете остатоците од храна и да се сконцентрирате само на чистење на загорените садови.

Не трагајте по загубените чорапи – користете вреќа за перење.

Доколку редовно го менувате чаршафот за прекривката, не морате да ја перете прекривката секоја недела и нема да имате непријатен мирис во домот.

Одредени овошја и зеленчук можете да ги консумирате и неизлупени, но потребно е добро да ги измиете. Нема да имате потреба да го чистите нередот од лупењето.

Шетате со чевли низ домот – Најголемиот дел од прашината ја внесувате сами.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус
Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето)
Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет
Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес
Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
„Мрзливи“ трикови за чистење за домаќинки (и домаќини) кои немаат многу време
Влакната од гарнитурата соберете ги со гумена ракавица, а блендерот само наполне...