-->
Домашни трикови што можат да ви се најдат во секое време
Наместо да ја фрлате водата од тестенините, ставете им ја на растенијата во домот бидејќи е богата со хранливи материи.
Благодарение на интернетот имаме можност да научиме трикови за домот на кои самите не би се сетиле. Обично овие трикови ги олеснуваат домашните обврски или се решение за проблеми со кои сигурно ќе се соочиме барем еднаш.
Погледнете осум вакви трикови што можат да ви се најдат во кое било време:
Кога правите смути или што било во блендер, најпрво додајте ги течните состојки, па потоа другите. На овој начин храната рамномерно ќе се изблендира и нема да ви останат парчиња.
За да го избегнете туркањето на облеката кога патувате или кога треба да ја складирате, завиткајте ја во хартија, па потоа здиплете ја.
За да ги отстраните дамките од кожените чевли измешајте 1 лажица оцет со 1 чаша вода и исчистете ги чевлите со мешавината.
Немојте да ја фрлате водата од тестенините. Наместо тоа, ставете им ја на растенијата во домот – водата содржи хранливи материи од сварените тестенини што ќе им годат на растенијата.
За лесно да ги наоѓате пенкалата и моливите што ги користите најчесто, оние што ги користите поретко заврзете ги со ластик.
Ако ви остане авокадо, ставете го во сад со парче кромид. Наводно, кромидот ќе ја зачува свежината на авокадото и ќе го спречи потемнувањето.
За да се ослободите од непријатниот мирис во домот, едноставно, направете колачиња на кои ќе додадете ванила, цимет или нешто слично со силна арома. Печењето на колачињата ќе ги засени сите непријатни мириси.
За да се ослободите од непријатниот мирис во фрижидерот, внатре ставете 2-3 употребени вреќички чај.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:

15 генијални трикови за чистење и организирање на домот што веднаш ќе сакате да ги пробате
Можете да го освежите тепихот со мешавина од сода бикарбона и неколку капки етер...

Што да правите кога не можете да ја отворите теглата - 9 трикови кои не сте ги знаеле
Колку пати досега сте се мачеле за да ја отворите теглата со ајвар, слатко или н...

8 ситници поради кои домот ви изгледа несредено, дури и веднаш по чистење
Не се ни сеќавате кога последен пат сте ги варосале ѕидовите, а на закачалките в...