Остранете ги непријатните мириси од фрижидерот - Како може да ги искористите употребените ќесички чај?

Веројатно досега сте слушнале дека вреќичките чај кои се веќе еднаш искористени, може да се употребат наместо парчиња краставица, и да се ставаат под очите, со цел да се намалат подочниците.

Kako-moze-da-gi-iskoristite-upotrebenite-kjesicki-za-chaj-01.jpg

Но, дали сте знаеле дека истите може да ги користите и за чистење или третирање на изгореници? Еве зошто не треба да ги фрлате искористените вреќички со чај и како може да ги реупотребите:

Заштитете ги вашите омилени садови од ’рѓа

Танините се антиоксиданти кои најчесто се наоѓаат во црниот чај, а исто така се одлични во борбата против ’рѓа: откако ќе ги измиете садовите, едноставно премачкајте ги со искористена вреќичка црн чај и бидете сигурни дека се добро заштитени.

Отстранете ги непријатните мириси од фрижидерот

Поставете сад со искористени кесички чај во фрижидерот со цел да ги отстраните непријатните мириси. Тие ќе ги впијат лошите миризби како „сунѓер“.

Отстранете ги мрсните дамки од садовите

Ставете неколку искористени кесички чај во топла вода и во истата потопете ги мрсните садови, околу пет до десет минути. На овој начин лесно ќе се ослободите од тврдоглавите мрсни дамки.

Смирете ја кожата по убод или изгореница

Танините присутни во чајот имаат моќ да ја регенерираат кожата и да ги ублажат реакциите на епидермисот по убодите од разни инсекти и изгореници од сонце. Едноставно притиснете ги вреќите врз кожата и оставете да делуваат неколку минути.

Отстранете ги непријатните мириси од храна на кожата

Некои намирници, како лук, кромид или риба, оставаат непријатен мирис на прстите, што е тешко да се измие, но лесно може да се отстрани со триење на кожата со искористени вреќички за чај.

Подобрете го вкусот на маринадата

Додадете искористена ќесичка за чај во виното за маринада која планирате да ја употребите во комбинација со бело или црвено месо, за поинтензивен вкус на храната.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Како да ја „спасите“ пресолената супа и уште 7 корисни кујнски трикови Како да го спасите загорениот ориз или, пак, пресолената супа? А, како подобро д...
7 работи што лесно можете да ги исчистите со пена за бричење Ако го исчистите огледалото во бањата со пена за бричење, нема да се замаглува к...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...
10 совети за чистење од експерти, кои ќе ви заштедат време и пари Мајонезот може да биде вистински спасител кога чистите - маслата што ги содржи с...
Непријатни мириси, чистење: За што сè можете да користите лимони во домот? Можете да ја „светнете“ туш кабината со парче лимон и сол, а можете да си направ...

Најчитани неделава