Предмети на кои треба да обрнете повеќе внимание кога ги чистите
-->
Постојат луѓе кои имаат екстремно чисти домови, а нивните тајни се повеќе од едноставни.
Важно е да обрнете повеќе внимание и почесто да ги чистите овие предмети во домот, за секогаш „да свети.“
-->
1. Филтерот на клима уредот треба да се чисти на 1 до 2 месеца, посебно во периоди кога климата е активна секојдневно.
2. Садот во кој се цедат тенџерињата и чиниите мора да се чисти еднаш во неделата, како не би собрал мувла.
3. Филтрите во машината за миење садови би требало да се чисти редовно, односно еднаш месечно, како би спречиле затнување.
4. Внатрешноста од казанчето треба да се чисти 2 пати во годината, со тоа што ќе додадете малку бел оцет и ќе оставите да отстои 12 часа. На овој начин спречувате формирање на бигор и овозможувате добро функционирање на механизмот.
-->
-->
5. Микро печката би требало да ја чистите барем еднаш неделно, ако ја користите секојдневно, но без тешки хемикалии.
-->
6. Вентилацијата во тоалетот треба да се чисти на 6 месеци, како би функционирала подобро.
7. Страничниот дел од рерната, иако не се гледа, треба да се чисти минимум еднаш во годината.
-->
8. Филтрите на аспираторот, бидејќи не се чистат, треба да се менуваат на секои 6 месеци.
9. Одводите каде се собира храна мора да се чистат на 2 месеци и тоа темелно. Со соодветни средства.
10. Мрежичките на чешмите собираат повеќе нечистотија од што може да замислите и затоа треба да се чистат на 6 месеци.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни)
Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти
Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари
Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите
Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Бели дрвени врати: Зошто пожолтуваат и како да ги одржувате?
Неквалитетна боја, но и грејни тела кои се наоѓаат во близина - зошто пожолтуваа...
Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите
Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...