Садови кои не е паметно да ги перете во машина, инаку ќе се збогувате со нив

Многу модерни домаќинки ќе се согласат дека машината за перење е најдоброто нешто што можело да им се случи.

sadovi-koi-ne-e-pametno-da-gi-perete-vo-mashina-inaku-ke-se-zboguvate-so-niv-001.jpg

Но, не и кога се работи за одредени садови.

Ако ги ставите во машина овие неколку работи, бидете подготвени да се збогувате со нивната првобитна состојба:

1. Термоси

Попаметно е да ги потопите со врела вода и рачно да ги измиете со четка или сунѓерче. Машинското перење може да оштети одредени делови.

sadovi-koi-ne-e-pametno-da-gi-perete-vo-mashina-inaku-ke-se-zboguvate-so-niv-01.jpg

2. Тегли со налепници

Во овој случај, покрај тоа што налепниците ќе се уништат, ризикувате да ја запушите и машината.

sadovi-koi-ne-e-pametno-da-gi-perete-vo-mashina-inaku-ke-se-zboguvate-so-niv-02.jpg

3. Остри кујнски ножеви

По неколкупати миења во машина, остриот дел ќе отапе.

sadovi-koi-ne-e-pametno-da-gi-perete-vo-mashina-inaku-ke-se-zboguvate-so-niv-03.jpg

4. Садови за готвење од тешко железо

Ваквите садови обично имаат заштитен слој кој ги спречува од кородирање во допир со вода, па миењето во машина може да му наштети на овој слој.

sadovi-koi-ne-e-pametno-da-gi-perete-vo-mashina-inaku-ke-se-zboguvate-so-niv-04.jpg

5. Ренде

Исто како и кај ножевите, и сечилата на рендето може да се оштетат и да отапат со често перење во машина.

sadovi-koi-ne-e-pametno-da-gi-perete-vo-mashina-inaku-ke-se-zboguvate-so-niv-05.jpg

6. Бакарни и алуминиумски садови за готвење

Повторно, заштитниот слој и сјај лесно се оштетуваат во машина, па бакарните и алуминиумски садови брзо потемнуваат.

sadovi-koi-ne-e-pametno-da-gi-perete-vo-mashina-inaku-ke-se-zboguvate-so-niv-06.jpg

7. Сребрени и порцелански сетови

Ризикот е дека сите винтиџ сребрени и порцелански сетови ќе ги изгубат првичните шари, но и сјајот, ако барем еднаш ги ставите во машина.

sadovi-koi-ne-e-pametno-da-gi-perete-vo-mashina-inaku-ke-se-zboguvate-so-niv-07.jpg

8. Не’рѓосувачки тави

Тефлонот треба внимателно да се чисти со мека ткаенина и средство, бидејќи перењето во машина е агресивно и абразивно за површината.

sadovi-koi-ne-e-pametno-da-gi-perete-vo-mashina-inaku-ke-se-zboguvate-so-niv-08.jpg

9. Дрвен прибор

Сите лажици, даски, стапчиња изработени од дрво, непотребно ќе ги оштетите, бидејќи предолго ќе бидат изложени на влажна средина.

sadovi-koi-ne-e-pametno-da-gi-perete-vo-mashina-inaku-ke-se-zboguvate-so-niv-09.jpg

10. Капачето од садовите за брзо готвење

Садовите за брзо готвење, попознати како мултикукери и експрес лонци, може да биде опасно под притисокот во машината за садови.

sadovi-koi-ne-e-pametno-da-gi-perete-vo-mashina-inaku-ke-se-zboguvate-so-niv-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Збир од трикови за кои ќе си помислите: „како не сум се сетил/а на ова?“ Само една фотка има моќ да ви го олесни животот и тоа ќе ви се потврди во продол...
Кујнски ножеви и уште 7 работи за кои вреди да потрошите повеќе пари Ако го користите лаптопот само за забава, можете да поминете и со поевтин модел....
Намирници од кујната кои ги чистат загорените тенџериња и тави подобро од сјајот за садови Доколку сте од оние луѓе на кои садовите за готвење честопати им загоруваат на д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg