Наместо „генералка“ пред празниците – што да правите секој месец од годината за беспрекорно среден дом?

Јули – хобија

Ако сакате да свирите, веројатно имате расфрлано книги со ноти. Ако сакате да читате, сигурно имате куп книги кои никогаш не сте ги средиле.

Во јули фокусирајте се на предметите што ги користите за вашите хобија – ослободете се од оние што не ви требаат и добро организирајте ги останатите.

kalendar-za-chistenje-kako-temelno-da-go-ischistite-bukvalno-sekoj-del-od-domot-do-slednata-praznichna-sezona-08.jpg

Август – крпи и постелнини

Извадете ги сите крпи и постелнини и добро размислете кои се веќе многу истрошени и искинати.

Старите крпи и постелнини можете да си ги користите за бришење прашина низ домот, а оние кои не се во многу лоша состојба можете и да ги донирате.

kalendar-za-chistenje-kako-temelno-da-go-ischistite-bukvalno-sekoj-del-od-domot-do-slednata-praznichna-sezona-09.jpg

Септември – биро/домашна канцеларија

Средете ги сите тетратки, документи, сметки и слично. Обрнете внимание и на канцеларискиот прибор – слободно фрлете ги работите што ги немате допрено неколку месеци.

Добро би било да си го средите и компјутерот, односно избришете ги програмите и фајловите што не ви требаат и проверете што сè имате внатре.

kalendar-za-chistenje-kako-temelno-da-go-ischistite-bukvalno-sekoj-del-od-domot-do-slednata-praznichna-sezona-10.jpg

Октомври – зимска облека

Она што го направивте во април за летната облека, сега направете го за зимската. Донирајте ги сите парчиња што не ги носите, а останатите средете ги во гардероберот.

Сега летната облека складирајте ја во кутии и вреќи и тргнете ја настрана.

kalendar-za-chistenje-kako-temelno-da-go-ischistite-bukvalno-sekoj-del-od-domot-do-slednata-praznichna-sezona-11.jpg

Ноември – новогодишно украсување

Во ноември повторно извадете ги новогодишните украси, докупете го она што ви треба и можете да го украсите домот.

kalendar-za-chistenje-kako-temelno-da-go-ischistite-bukvalno-sekoj-del-od-domot-do-slednata-praznichna-sezona-12.jpg

Декември – релаксирајте се и уживајте во средениот дом

Во декември само подгответе се за празничната сезона и дозволете си вистински да уживате наместо да ве фаќа паника.

kalendar-za-chistenje-kako-temelno-da-go-ischistite-bukvalno-sekoj-del-od-domot-do-slednata-praznichna-sezona-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кујнски ножеви и уште 7 работи за кои вреди да потрошите повеќе пари Ако го користите лаптопот само за забава, можете да поминете и со поевтин модел....
Збир од трикови за кои ќе си помислите: „како не сум се сетил/а на ова?“ Само една фотка има моќ да ви го олесни животот и тоа ќе ви се потврди во продол...
Предмети што ги користиме „до последно“, но треба почесто да ги менуваме со нови Сигурни сме дека редовно ги перете крпите за бришење, но сепак е препорачливо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg