10 грешки што ги правиме сите во кујната, а му штетат на нашето здравје

Користите дрвена даска за сечење

Многу е потешко темелно да ја исчистите дрвената даска за сечење, па во неа можат да се насоберат остатоци од храна, а поради тоа да се соберат и бактерии.

Од друга страна, пластичните даски се многу полесни за миење и дезинфекција, па најдобро купете таква.

go-chuvame-ruchekot-vo-tendzhere-i-ushte-9-greshki-shto-gi-pravime-site-a-mu-shtetat-na-zdravjeto-07.jpg

Чекате храната целосно да се излади за да ја ставите во фрижидер

Ако чекате два часа да се излади некое јадење за потоа да го ставите во фрижидер, не си правите никаква услуга.

Тие два часа се сосема доволни во храната да се развијат бактерии.

Почекајте не повеќе од 20 минути, колку храната да не биде врела, па да ја ставите во фрижидер.

go-chuvame-ruchekot-vo-tendzhere-i-ushte-9-greshki-shto-gi-pravime-site-a-mu-shtetat-na-zdravjeto-08.jpg

Одмрзнувате храна на собна температура

И во овој случај проблем се бактериите кои можат да се развијат или да завршат на храната што ја размрзнувате.

Ако не можете да ја размрзнете храната во рерна или микробранова, подобро оставете ја во фрижидерот. Можеби ќе треба да почекате повеќе, но ќе избегнете потенцијални проблеми.

go-chuvame-ruchekot-vo-tendzhere-i-ushte-9-greshki-shto-gi-pravime-site-a-mu-shtetat-na-zdravjeto-09.jpg

Брзате кога пазарите

Кога купувате овошје, зеленчук, па и месо, не брзајте со изборот. Добро погледнете дали храната е свежа, дали има промени во бојата, дали има мувла или што било сомнително.

А, пред да ја јадете храната, темелно измијте ја, дури и ако станува збор за спакуван зеленчук.

go-chuvame-ruchekot-vo-tendzhere-i-ushte-9-greshki-shto-gi-pravime-site-a-mu-shtetat-na-zdravjeto-10.jpg

Ја заборавате крпата покрај мијалникот

Веројатно ви е јасно дека влагата создава совршена околина за бактерии. Ако ја оставите кујнската крпа влажна, а потоа ги избришете рацете со неа, сите бактерии ќе завршат на вас.

Па, немојте да ја заборавате крпата покрај мијалникот и чувајте ја на суво место. Ако е премногу влажна, заменете ја со нова.

go-chuvame-ruchekot-vo-tendzhere-i-ushte-9-greshki-shto-gi-pravime-site-a-mu-shtetat-na-zdravjeto-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Шест работи што никако не треба да ги чистите со средство за садови Без разлика дали станува збор за чевли, јакна или, пак, гарнитура, кожата е мате...

Најчитани неделава