11 совети и трикови со кои вашата бањa ќе заблеска како нова
Црниот чај има состојка што ги разградува нечистотиите, па можете да го користите за чистење на огледалото – ставете 4-5 вреќички чај во поголем сад со врела вода и откако ќе се излади натопете крпа, па избришете го огледалото

За да се ослободите од влагата во бањата, во неа ставете растенија – истражете кои растенија сакаат повеќе влага и можат да виреат без многу сончева светлина доколку во бањата немате прозорци

Ако на чешмите во бањата има малку ’рѓа, можете да ја отстраните со лимон и сол – измешајте исто количество сол и сок од лимон, нанесете ја смесата, оставете да отстои неколку минути, па истријте со сунѓер и исплакнете со вода

За полесно да ги отстраните нечистотиите од бањата, пред да почнете со чистење пуштете жешка вода, така што ќе се создаде ефект на сауна. Благодарение на пареата од водата, чистењето ќе биде многу полесно

За чистење на тешко достапните места можете да користите конец за заби

За да ги отстраните тврдокорните дамки од мијалникот и кадата, истријте ги со грејпфрут и сол – пресечете го овошјето на половина, ставете сол врз него и така истријте ги проблематичните места. Потоа само исплакнете

Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода
Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари
Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус
Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома)
За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет
Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...