11 совети и трикови со кои вашата бањa ќе заблеска како нова
За брзо и ефикасно чистење на завесата од кадата, испрскајте ја со средство за чистење што содржи избелувач, оставете да отстои 15-тина минути и потоа само исплакнете со многу вода.

Без разлика колку често ја чистите бањата, целиот труд може да ви се чини залуден бидејќи ова е просторијата од домот што се валка најмногу.
Шампоните, пастата за заби, па и бигорот од водата се доволни да направат вашата бања да изгледа како да не сте ја исчистиле цела вечност.
А, и самото чистење на бањата не е воопшто лесно, особено кога треба да ги отстраните бројните тврдокорни дамки.
Ако ви е „преку глава“ од навидум залудното чистење, тогаш сигурно ќе ви се допаднат овие совети со кои ќе направите бањата да блеска како нова:
Избришете ги површините како огледалото и стаклото од туш-кабината откако ќе завршите со туширање за да го избегнете создавањето тврдокорни дамки од бигор

Не заборавајте да ја исчистите четката откако ќе ја исчистите школката – доволно е да ја оставите да отстои 15-тина минути во раствор од жешка вода, половина шолја сода бикарбона и една шолја оцет, а потоа исплакнете ја со вода и оставете ја да се исуши на сонце

Нормално, исчистете го и садот во којшто ви стои четката

Отстранете го непријатниот мирис од одводот така што ќе истурите малку топла вода, 3-4 лажици сода бикарбона и малку оцет

За брзо да ја исчистите завесата на кадата, испрскајте ја со средство за чистење што содржи избелувач, оставете да отстои 15-тина минути, па исплакнете со вода

Уште шест совети на следната страница...
Би можело да ве интересира:
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода
Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари
Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус
Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома)
За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари
Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет
Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...