Најлесната техника за боење на шарени велигденски јајца кои изгледаат уникатно (видео)

Без да направите хаос во кујната и да ги извалкате рацете, многу лесно и брзо може да ги направите најубавите шарени јајца за Велигден – погледнете со која техника, дури ниту почетници нема да згрешат. 

najlesnata-tehnika-za-boenje-na-shareni-veligdenski-jajca-koi-izgledaat-unikatno-video-01.jpg

Дали веќе сте подготвени со бои и материјали за вапцање на велигденските јајца?

Освен задолжителните црвени, доколку сакате да додадете малку шаренило во велигденската корпа, ја имаме најдобрата техника.

Нема да направите неред во кујна, ќе завршите за многу брзо време со повеќе јајца одеднаш, а сите ќе прашуваат како сте ги направиле.

Се што ви е потребно се: ракавици, салфети, гумени ластичиња, гел бои за јајца, оцет (или вода) во распрскувач и масло за премачкување.

Техниката е следна:

  • Избришете ги сварените јајца и завиткајте го секое од нив во салфета, а на врвот заврзете ја салфетата со ластиче.
  • Со гумени ракавици, истурете од повеќе бои (кои претходно стоеле во топла вода) по неколку капки на различни места и распрскајте оцет или вода одозгоре за боите да се разлеат.
  • Оставете ги така завитканите јајца да отстојат 20-тина минути.
  • Одвиткајте ги јајцата, намачкајте ги со зејтин и наредете ги во корпа.

Видео постапка:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова лесна техника за фарбање велигденски јајца (ако немате друга опција) Ако сакате да пробате нова техника или едноставно не сте се снабдиле со бои, има...
9 домаќински трикови од нашите баби што ќе ви се најдат и денес Наместо да правите една генералка и да чистите сè одеднаш, направете неколку пом...
Корисни трикови што ќе ви решат многу проблеми низ домот (и ќе ви заштедат време и пари) Со алатката за сечење јајца можете да исечете и печурки, а разните клучеви может...
Најлесниот начин за фарбање шарени велигденски јајца – техника која можеби не ја знаете (видео) Со оваа техника ќе имате шарени велигденски јајца, а е најбрза и најлесна - нема...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...

Најчитани неделава