7 домаќински трикови од луѓето чиј дом секогаш мириса прекрасно

Мирисливите свеќи не само што создаваат пријатна атмосфера, туку можат и да ги неутрализираат непријатните мирис во тоалетот, мирисот во шкафчето со чевли неутрализирајте го со сушено каранфилче. 

7-domakjinski-trikovi-od-lugjeto-chij-dom-sekogash-mirisa-prekrasno-01.jpg

Дури и по темелно чистење, во домот можат да се појават разни непријатни мириси. Обично овие мириси се „впиени“ во корпата за отпадоци, микробрановата печка и слично, па се малку потешки за отстранување.

Мирисите можат да останат и во темелно исчистените пластични садови за храна, па и даската за сечење.

Што можете да направите за да ги отстраните?

Каранфилче за непријатниот мирис од чевлите

Непријатниот мирис во чевлите може да предизвика непријатен мирис и во ходникот или шкафчето. За да се ослободите од него може да ви помогне сушеното каранфилче.

Во тенка ткаенина ставете неколку каранфилчиња, заврзете ја ткаенината и ставете ја во чевлите. По неколку часа, каранфилчето ќе апсорбира дел од влажноста и ќе ослободи пријатен мирис.

А, за да го избегнете настанувањето на непријатниот мирис, немојте да ги носите чевлите без чорапи.

7-domakjinski-trikovi-od-lugjeto-chij-dom-sekogash-mirisa-prekrasno-02.jpg

Свеќа во тоалетот

Мирисливите свеќи не само што создаваат пријатна атмосфера, туку можат да го неутрализираат непријатните мирис во тоалетот.

Па, кога одите во тоалет, запалете свеќа и, секако, не заборавајте да ја изгасите откако ќе излезете.

7-domakjinski-trikovi-od-lugjeto-chij-dom-sekogash-mirisa-prekrasno-03.jpg

Освежувач за автомобили во корпата за отпадоци

За да ги неутрализирате непријатните мириси од корпата за отпадоци, на дното под ќесата ставете освежувач за автомобили.

Секако, важно е и редовно да ја миете корпата.

7-domakjinski-trikovi-od-lugjeto-chij-dom-sekogash-mirisa-prekrasno-04.jpg

Лушпа од мандарина за микробрановата печка

За да се ослободите од непријатниот мирис, наполнете сад со малку вода и ставете лушпи од мандарина. Ставете го садот во микробрановата и пуштете ја на пониска температура околу една минута.

Истото можете да го направите и со рерната.

7-domakjinski-trikovi-od-lugjeto-chij-dom-sekogash-mirisa-prekrasno-05.jpg

Оцет и јаболка за даската за сечење

Даската за сечење лесно ги апсорбира мирисите од храната што ја сечете и некогаш миењето не е доволно за да ги отстранете.

Откако ќе ја измиете даската, исчистете ја со бел оцет, па повторно исплакнете ја. Потоа изрендајте едно јаболко, ставете го врз даската, оставете да отстои 10-тина минути, па темелно измијте ја.

Јаболкото ќе апсорбира дел од останатите мириси.

7-domakjinski-trikovi-od-lugjeto-chij-dom-sekogash-mirisa-prekrasno-06.jpg

Паста за заби за пластични садови

За да го отстраните мирисот од храна од пластичните садови, откако ќе ги измиете, истријте ги со мало количество паста за заби.

Потоа измијте ги уште еднаш со средство за садови.

7-domakjinski-trikovi-od-lugjeto-chij-dom-sekogash-mirisa-prekrasno-07.jpg

Лимон за мирис од риба

За да го намалите непријатниот мирис кога готвите риба, приготвите ја со нешто кисело, како лимон.

Киселината ќе создаде реакција со состојките што се делумно одговорни за непријатниот мирис и ќе го намали.

7-domakjinski-trikovi-od-lugjeto-chij-dom-sekogash-mirisa-prekrasno-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
„Мрзливи“ трикови за чистење за домаќинки (и домаќини) кои немаат многу време Влакната од гарнитурата соберете ги со гумена ракавица, а блендерот само наполне...
Шест работи што никако не треба да ги чистите со средство за садови Без разлика дали станува збор за чевли, јакна или, пак, гарнитура, кожата е мате...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Трикови и совети што ќе ви решат многу проблеми во кујна Покријте ја кујнската вага со најлонска фолија за да не ја извалкате кога ја кор...

Најчитани неделава