Направете ги алиштата кристално бели, со евтин и едноставен трик од аптека

Сите посакуваме совршено бели алишта, но за жал честопати завршуваме со сиви, затемнети парчиња кои ја изгубиле првичната снежно бела боја. Како може да се постигне ефектот на идеална белина без премногу напор и скапи средства за одржување на облеката?

Napravete-gi-alistata-kristalno-beli-so-evtin-trik-01.jpg

Без очајување, понекогаш „лекот е пет пари“ и само треба некој да ти го посочи.

Еден од наједноставните начини за избелување на облеката е со употреба на калиум перманганат (хиперманган). Истиот може да го набавите речиси во секоја аптека по релативно ниска цена.

Како изгледа постапката на избелување на алишта со хиперманган?

  • Во подлабок сад, промешајте неколку кристали од хиперманганот во 10 литри врела вода, со цел таа да добие розова боја. Не претерувајте, бидејќи целта не е да добиете темновиолетова боја. Бојата на растворот мора да биде розова.
  • Ставете 200g прашок за перење на алишта во водата и промешајте.
  • Во овој раствор покиснете ги сите алишта кои планирате да ги избелите. Одозгора покријте ги со кеса или фолија и оставете ги да киснат околу 4-5 часа, или најдобро е да отстојат во текот на целата ноќ.
  • Потоа исцедете ги алиштата, префрлете ги во машината за перење и со помош на соодветната програма, исперете ги на вообичаениот начин.
  • Доколку има потреба, слободно повторете ја постапката.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
10 ситници во бањата кои прават да изгледа валкано и неуредно Ако ставите крпи со иста боја, ги средите каблите од пеглата за коса и сличните ...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...
Знаци дека имате мувла во домот + како да се ослободите од неа Поставете сензори за температура и влажност во вашиот дом, па користете ги да го...
Мраз за чевлите, оцет за бојата на фармерките - Трикови за беспрекорен изглед на гардеробата Со пегла за коса можете набрзина да ја испеглате јаката на кошулата, а гумата за...
Бели дрвени врати: Зошто пожолтуваат и како да ги одржувате? Неквалитетна боја, но и грејни тела кои се наоѓаат во близина - зошто пожолтуваа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg