6 генијални трикови со кои ќе се спасите од неред во домот и чистењето ќе биде полесно

Стаклените шишиња со тесен отвор можете да ги исчистите со ориз – во нив ставете малку ориз, вода и средство за садови, протресете ги и зрната ориз ќе ги отстранат нечистотиите.

6-genijalni-trikovi-so-koi-pobrzo-kje-gi-zavrshite-obvrskite-niz-domot-01.jpg

Никој не ги сака домашните обврски кои, за жал, се неизбежни.

Па, веројатно ќе ве интересира како можете да си олеснете некои работи и што можете да направите за да ги завршите побрзо.

Во продолжение неколку трикови што ќе ви помогнат во тоа:

Исчистете ги шишињата со ориз

Стаклените шишиња со тесен отвор е речиси невозможно да ги исчистите, освен ако не користите ориз.

Едноставно, ставете ориз, вода и средство за садови во шишето и протресете го – зрната ориз ќе ги отстранат нечистотиите.

Потоа само добро исплакнете со вода.

6-genijalni-trikovi-so-koi-pobrzo-kje-gi-zavrshite-obvrskite-niz-domot-02.jpg

Ставете вреќа во кутијата за песок на мачката

За да не мора постојано да ја чистите кутијата со песок на вашата мачка, пред да го ставите песокот, ставете голема вреќа.

Па, кога ќе треба да го замените целиот песок, само соберете го со вреќата.

6-genijalni-trikovi-so-koi-pobrzo-kje-gi-zavrshite-obvrskite-niz-domot-03.jpg

Исчистете ги растенијата со градинарска ракавица

Важно е да ја бришете прашината од вашите растенија, но кај оние со помали листови ова може да биде проблематично.

Затоа, наместо крпа, многу подобро е да користите градинарска ракавица бидејќи со неа полесно ќе ги избришете и најмалите ливчиња.

6-genijalni-trikovi-so-koi-pobrzo-kje-gi-zavrshite-obvrskite-niz-domot-04.jpg

Собирајте ги малите играчки со метла

Коцките и сличните ситни играчки можете лесно да си соберете со метла и лопатка.

Секако, осигурете се дека метлата и лопатката ќе бидат чисти.

6-genijalni-trikovi-so-koi-pobrzo-kje-gi-zavrshite-obvrskite-niz-domot-05.jpg

Ставете черга под полицата со чевли

Дури и внимателно да ги исчистите чевлите на чергата пред вратата, на нив сепак ќе останат прашина и нечистотии.

Овие нечистотии, пак, ќе завршат на подот во вашиот ходник.

За да го спречите разлетувањето на прашината од чевлите, под полицата ставете обична черга или друга подлога која ќе ја „впива“.

6-genijalni-trikovi-so-koi-pobrzo-kje-gi-zavrshite-obvrskite-niz-domot-06.jpg

Ставете чергичка од двете страни на влезната врата

Уште еден трик за справувањето со нечистотиите од надвор. Кога ќе ставите две черги, на некој начин двапати ќе ги исчистите чевлите, па ќе го намалите нередот што се создава со нив. 

6-genijalni-trikovi-so-koi-pobrzo-kje-gi-zavrshite-obvrskite-niz-domot-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Грешки во чистењето на кујната поради кои храната има чуден вкус Не ја чистите рерната веднаш откако ќе се истури нешто во неа и ставате многу де...
7 трикови како (конечно) да го средите хаосот во кујната Шишенцата зачини наредете ги во тава за лесно да можете да ги вадите и враќате в...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...

Најчитани неделава