Предмети во домот што може (и треба) да ги замените со поеколошки варијанти

Наместо пластични, купете неколку метални сламки кои ќе можете да ги користите со години.

predmeti-vo-domot-shto-mozhe-i-treba-da-gi-zamenite-so-poekoloshki-varijanti-01.jpg

Загадувањето на природата веќе е сериозен проблем и сите мораме да направиме некои промени во нашето секојдневие пред ситуацијата да стане уште полоша.

Едно од наједноставните, но и најкорисните нешта што можете да ги направите е да го намалите вашиот отпад, особено пластичниот.

Можеби ви се чини невозможно да го намалите отпадот што го создавате, но многу предмети во домот можете да ги замените со поеколошки варијанти.

Дел од нив во продолжение:

Хартиени бришачи

Иако хартиените бришачи се практични, со нив сепак создаваме многу непотребен отпад бидејќи се само за една употреба.

Затоа многу подобро е да користите крпи.

predmeti-vo-domot-shto-mozhe-i-treba-da-gi-zamenite-so-poekoloshki-varijanti-02.jpg

Пластични ќеси

Можете драстично да го намалите пластичниот отпад ако одите на пазарење со платнена торба.

Покрај тоа, кога ќе ја земете предвид цената на ќесите во маркетите, со платнената торба и ќе заштедите.

predmeti-vo-domot-shto-mozhe-i-treba-da-gi-zamenite-so-poekoloshki-varijanti-03.jpg

Зип ќеси

Иако се одлични за складирање храна, факт е дека една зип ќеса не можете да ја употребете повеќепати.

Наместо нив, подобро купете кутии за складирање храна кои не само што траат подолго, туку и подобро ќе ја зачуваат свежината на храната.

predmeti-vo-domot-shto-mozhe-i-treba-da-gi-zamenite-so-poekoloshki-varijanti-04.jpg

Алуминиумска и пластична фолија

Алуминиумската и пластичната фолија се одлично решение за да ја заштитите преостанатата храна од ручекот. Но, како и останатите предмети на листата, со нив се создава многу непотребен отпад.

Можете да ги замените овие фолии со силиконски капаци кои се флексибилни и можат да се користат за садови со различна големина.

predmeti-vo-domot-shto-mozhe-i-treba-da-gi-zamenite-so-poekoloshki-varijanti-05.jpg

Пластични четки

Иако ги користиме подолго отколку останатите предмети на листата, овие четки сепак се пластични и по некое време ќе завршат во отпадот. А, веќе е добро познат факт дека пластиката еден од најголемите штетници.

Наместо пластични, можете да купите четки од бамбус кои се разградуваат.

predmeti-vo-domot-shto-mozhe-i-treba-da-gi-zamenite-so-poekoloshki-varijanti-06.jpg

Сламки

И пластичните сламки се големи загадувачи, но нема потреба да се откажете од нив.

Наместо тоа, заменете ги со метални сламки кои ќе можете да ги користите со години.

predmeti-vo-domot-shto-mozhe-i-treba-da-gi-zamenite-so-poekoloshki-varijanti-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кујнски ножеви и уште 7 работи за кои вреди да потрошите повеќе пари Ако го користите лаптопот само за забава, можете да поминете и со поевтин модел....
9 работи на кои е подобро да не штедите, за да не се каете Паметните луѓе точно знаат на што треба да го потрошат својот буџет и на што не ...
8 начини како домот секогаш да ви е чист без многу напор Без разлика дали се работи за кујната, дневната соба или трпезаријата, некако по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg