9 грешки со кои несвесно разнесувате бактерии низ целиот дом (речиси секој ден)

Отворате работи со забите

Многумина имаат навика да ги користат забите наместо ножици за отворање разни работи.

Но, имајте на ум дека со ова не само што ги оштетувате забите, туку и ги пренесувате сите бактерии во вашата уста.

А, никогаш не знаете како и каде бил складиран некој продукт пред да го купите.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-raznesuvate-bakterii-niz-celiot-dom-06.jpg

Не ги бришете бравите и кваките

Многумина забораваат да ги дезинфицираат кваките и бравите во домот, но ова е голема грешка.

Дури и ако се измиете раце веднаш откако ќе си дојдете дома, ако не ја дезинфицирате кваката, бактериите од надвор повторно ќе се најдат на вашите дланки.

Препорачливо е да ги дезинфицирате кваките секој ден. Ако ве мрзи, не мора да ги бришете, туку барем испрскајте ги со алкохол.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-raznesuvate-bakterii-niz-celiot-dom-07.jpg

Ги чистите домот во погрешен редослед

Најефикасно ќе го исчистите домот ако почнете од горе.

Односно, прво избришете прашина, исчистете ги прозорците и слично, а исчистете го подот дури на крајот.

Ако правите обратно, прашината што ќе ја чистите ќе заврши на подот, па залудно сте го метеле.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-raznesuvate-bakterii-niz-celiot-dom-08.jpg

Пуштате вода во тоалетната школка со кренат капак

Поради брзото движење на водата, низ воздухот се разлетуваат ситни честички од тоалетната школка. Овие честички можат да содржат секакви бактерии.

Затоа е препорачливо да го затворите капакот кога пуштате вода.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-raznesuvate-bakterii-niz-celiot-dom-09.jpg

Не ги отстранувате влакната од чешелот

Важно е да ги отстранувате влакната од чешелот и четката по секое чешлање, а барем еднаш неделно темелно да ги исчистите.

Ако ги оставате влакната, четката ќе стане погодно место за развој на бактерии и габи.

chesti-greshki-so-koi-nesvesno-raznesuvate-bakterii-niz-celiot-dom-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Предмети во домот кои никогаш не треба да ги чистите со вода Ако не сте сигурни дали накитот е од чисто сребро или злато, не ризикувајте и не...
Грешки во пролетното чистење на домот кои се само губење време Ако ја исчистите надворешноста на прозорците во рана пролет, трудот ќе ви биде з...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
9 предмети во бањата што сигурно не ги чистите доволно Иако ја плакнете по секое миење, важно е повремено да ја дезинфицирате четката з...
5 работи што секогаш мора да ги перете со жешка вода Белите крпи, заедно со постелнината, се работи што секогаш треба да се перат со ...

Најчитани неделава