8 навики во чистењето на домот кои се бескорисни и треба да ги заборавите

Го чистите подот со несоодветно средство

Ако ги исчистите плочките во кујната или тоалетот со несоодветно средство, можно е подот да стане леплив или, уште полошо, премногу лизгав.

Затоа препорачливо е да користите средство за плочки или обично средство за миење садови.

Кога станува збор за дрвени површини, секогаш е добро да користите само продукти за таа намена за да не го оштетите подот, но и за да не го направите леплив или лизгав.

8-naviki-vo-chistenjeto-na-domot-koi-se-beskorisni-i-treba-da-gi-zaboravite-06.jpg

Чистите урина од мачки и кучиња со продукти со амонијак

Ако чистите со продукт кој содржи амонијак, на површината ќе остане мирис од оваа состојка.

Урината на мачките и кучињата содржи амонијак, па ако ја намирисаат оваа состојка, најверојатно повторно ќе уринираат на истото место.

За да го неутрализирате мирисот од урината, и за вас и за миленикот, најдобро е да ставите големо количество сода бикарбона. Оставете да делува преку ноќ, па соберете ја со правосмукалка.

Доколку уште чувствувате мирис, измешајте вода со малку оцет и омекнувач за облека, па испрскајте ја дамката. Потоа ставете сода бикарбона, и повторно оставете да отстои преку ноќ.

8-naviki-vo-chistenjeto-na-domot-koi-se-beskorisni-i-treba-da-gi-zaboravite-07.jpg

Поминувате само во една насока со правосмукалката

Ако сакате да ја отстраните целата прашина од тепихот, избегнувајте да чистите само во една насока со правосмукалката.

8-naviki-vo-chistenjeto-na-domot-koi-se-beskorisni-i-treba-da-gi-zaboravite-08.jpg

Секогаш чистите со топла вода

Некои средства се поефикасни во комбинација со топла или жешка вода, но некои не.

Затоа, најдобро следете го упатството на самата амбалажа.

8-naviki-vo-chistenjeto-na-domot-koi-se-beskorisni-i-treba-da-gi-zaboravite09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...

Најчитани неделава