9 трикови за чистење што ќе ви бидат од корист ако страдате од алергии

Внимателно изберете ги средствата за чистење

Изберете средства за перење и чистење без вештачки бои и мириси. Честопати вештачките бои во средствата може да предизвикаат иритација на кожата, а можете да користите и природни средства како сода бикарбона, лимон или оцет.

9-trikovi-za-chistenje-shto-kje-vi-bidat-od-korist-ako-se-borite-so-alergii-05.jpg

Посветете сериозно внимание на постелнината

Редовно перете ја постелнината и прекривачите. Ако имате проблеми со алергии, никогаш не ја ставајте постелнината да се суши надвор, туку користете машина за сушење.

9-trikovi-za-chistenje-shto-kje-vi-bidat-od-korist-ako-se-borite-so-alergii-04.jpg

Не дозволувајте да имате мувла во домот

Ако се појави мувла во домот, веднаш исчистете ја со соодветно средство за чистење.

Ако во бањата имате мувла, не заборавајте да пуштате вентилатор или да го отварате прозорецот кога се туширате, а по секое туширање да ја пребришете кадата или туш кабината со сува крпа.

9-trikovi-za-chistenje-shto-kje-vi-bidat-od-korist-ako-se-borite-so-alergii-06.jpg

Намалете го бројот на теписи во домот

Добро е подовите да бидат обложени со плочки или со подлога од тврдо дрво, а изберете постилки што лесно може да се перат, затоа што тие се совршено место за собирање алергени.

9-trikovi-za-chistenje-shto-kje-vi-bidat-od-korist-ako-se-borite-so-alergii-09.jpg

Заштитете ги растенијата

Ако имате растенија во домот, земјата прекријте ја со украсни камчиња за да спречите појава на природна мувла што може да се појави на влажната почва.

Ако имате вештачки цвеќиња, тогаш задолжително секој ден треба да ја бришете прашината од нив и да ги туширате често.

9-trikovi-za-chistenje-shto-kje-vi-bidat-od-korist-ako-se-borite-so-alergii-10.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шест трикови за брзо и ефикасно чистење од хотелски хигиеничари Пред да почнете со метење и бришење прашина, прво средете го нередот, како валка...
8 грешки низ домот кои може да ве чинат многу пари Дали ги тегнете каблите кога ги вадите од штекер? А кога последен пат сте го исч...
Чести грешки со кои ги уништувате кујнските ножеви (и си го отежнувате готвењето) Отворате кутии пратки со ножевите за храна, ги чувате на купче во фиока и забора...
7 работи во домот кои никако не треба да ги чистите со оцет Покрај лакираното дрво, немојте да комбинирате оцет и средство за избелување во ...
Скриени места во домот што сигурно заборавате да ги исчистите Кога последен пат сте ја исчистиле гумата на вратата од фрижидерот? А, шините на...
Вирални трикови за чистење што навистина функционираат (со продукти што ги имате дома) За да го отстраните бигорот од главата на тушот, ќе ви треба само оцет, а за да ...

Најчитани неделава