Одгледување сардели: Како да се грижите за нив и кога е идеалното време да ги изнесете надвор?

На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно на силното летно сонце. Кога надвор е повеќе од 30 степени, тие на некој начин паузираат со својот раст и цветање, па таквата ситуација не треба да ве загрижи.

odgleduvanje-sardeli-kako-da-se-grizhite-za-niv-i-koga-e-idealnoto-vreme-da-gi-iznesete-nadvor-01.jpg

Пролетта ни пристигна, а тоа значи почеток на уредување на вашите тераси и дворови.

За таа намена има многу цвеќиња, а едно од нив се и сарделите, кои се многу популарни и препознатливи по нивните бујни цветови кои можеме да ги сретнеме во различни бои.

Тие се многу силни и издржливи растенија, но сепак, потребна им е нега за да ви го дадат својот максимум.

Кое е идеалното место кое им одговара на сарделите?

На сарделите најмногу им одговара светло место, но да не бидат изложени директно на силното летно сонце. Кога надвор е повеќе од 30 степени, тие на некој начин паузираат со својот раст и цветање, па таквата ситуација не треба да ве загрижи.

Исто така, ако се директно изложени на сонце, нивните цветови може да овенат. Идеално би било да ги поставите на место каде што наутро е сонце, а попладне се на сенка.

odgleduvanje-sardeli-kako-da-se-grizhite-za-niv-i-koga-e-idealnoto-vreme-da-gi-iznesete-nadvor-05.jpg

Наводнување и прихранување на сарделите

Сарделите треба да ги заливате редовно, но умерено. Неопходно е растението да има доволно влага, за да не овенат ливчињата, но сепак, внимавајте зашто прекумерната влага предизвикува гниење на корените, па затоа почвата треба да биде рамномерно влажна.

Пожелно е да се одгледуваат во помали саксии, за почвата да може добро да се исуши помеѓу две наводнувања.

Исклучиво користете саксии со дупчиња, за водата да може да истекува, односно, да се осигурате дека ќе имате добра дренажа.

odgleduvanje-sardeli-kako-da-se-grizhite-za-niv-i-koga-e-idealnoto-vreme-da-gi-iznesete-nadvor-04.jpg

Во текот на летото, во доцните попладневни часови, може да ги испрскате листовите на сарделите со отстоена вода. Ако пак ноќите се ладни, оваа постапка не се препорачува.

Што се однесува до прихранувањето, во текот на сезоната на растење, сарделите треба да се полеваат со течно ѓубриво и тоа барем 1-2 пати неделно.

Овие цвеќиња, како и сличните на нив чиишто листови имаат „влакненца“, не треба да се хранат со прскање врз листовите.

odgleduvanje-sardeli-kako-da-se-grizhite-za-niv-i-koga-e-idealnoto-vreme-da-gi-iznesete-nadvor-03.jpg

Размножување на сарделите

За размножување на сарделите, најпогоден метод е со млади исечоци кои откако ќе ги исечете внимателно од постариот корен, ги засадувате во тресетна почва, која не треба да биде премногу влажна, за да се спречи гниење.

Температурата по можност треба да биде помеѓу 15 и 18 степени, за новите исечоци побрзо да пуштат коренчиња.

Она што е важно при размножувањето, е од какво растение ќе ги земете исечоците.

Најдобро е да земете од главно, постаро растение, а секоја наредна репродукција ја намалува отпорноста на сарделата, квалитетот на цветањето, растот…

odgleduvanje-sardeli-kako-da-se-grizhite-za-niv-i-koga-e-idealnoto-vreme-da-gi-iznesete-nadvor-02.jpg

Кога е најдобро да ги изнесете сарделите надвор?

Најважно е да не избрзате и пролетното сонце да не ве примами да ги извадите сарделите надвор.

Најбезбедниот период за нивно изнесување на терасите или во дворовите, најчесто е месец април, зашто до тогаш има чести временски промени кои може да бидат лоши за растенијата.

На почетокот на пролетта веќе треба да ви бидат искроени и да ги полевате со вода зависно од тоа колку брзо се сушат.

Исто така, отстранете ги сувите ливчиња и подгответе ги за ново цветање. Притоа, пожелно е да ги пресадите и да ги подготвите целосно за новата претстојна сезона.

 

М. Ѓ | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Кафе како ѓубриво, лук за заштита од инсекти: Трикови за здрави растенија со продукти што ги имате д... Талогот од кафе содржи азот, калиум, фосфор, магнезиум… Сето ова се хранливи мат...
Привлекува пари и среќа – Совети за одгледување Монстера, растението што ќе ви го претвори домот во ... Според Фенг шуи, брзото растење на Монстерата симболизира раст и напредок, носи ...
Четири растенија кои сакаат сенка (и се идеални за темен стан) Сансеверијата е едно од најотпорните собни растенија, вирее во потемна просториј...

Најчитани неделава