Кул пекарница во Солун, со највкусните кроасани - „Senol“ е уживање за сите сетила

Во близина на шеталиштето покрај море, во срцето на Солун, се наоѓа необична пекарница во која се прават најубавите кроасани во градот...

senol-kroasani-01.jpg

Во центарот на Солун, по една од уличките по кои најверојатно никогаш не сте поминале се наоѓа „Senol“, необичната пекарница каде што се произведуваат највкусните кроасани во Солун.

Редот пред локалот е секогаш долг, а муштериите некогаш чекаат и по половина час да дојдат на ред и да ги пробаат автентичните кроасани, но и да ги фотографираат за на Инстаграм.

Се прават во форма на коцка, тркало или класичен кроасан. А вкусовите не се опишуваат со зборови. И варираат - лимон, шумско овошје, нутела, орео, ф'стак...

Има дури и солени комбинации. За секого по нешто.

Ако сакате да пробате нешто конкретно, најдобро е да си порачате однапред и ќе ви ја чуваат нарачката.

Иако има огромна побарувачка за вкусните кроасани полни со мек фил, локалот има само 3-4 масички. Затоа не можете да резервирате маса за седење.

Но, оттука до кејот се стигнува за неколку минути пешки, па можете да ги јадете кроасаните седнати на шеталиштето покрај море. 

Вистинско уживање, дури и преку фотки.

senol-kroasani-02.jpg

Да посакате следниот пат кога ќе бидете со Солун, да ги пробате овие кроасани:

Продолжува на следната страница:



Би можело да ве интересира:

На гости во семејниот дом на Давор - Dave’s Kitchen во Охрид: Куќа со пространа кујна, поглед кон ез... „Пред 10 години со семејството одлучивме да купиме нешто во Охрид, а оттука и ид...
На гости во една од најубавите банкарски филијали во Скопје - Погледнете го новиот Центар за работа ... „Кога некој првпат ќе влезе кај нас, првото нешто што го забележува е дека нема ...
Руфтоп бар во Мадрид со стаклена платформа и мост - можете буквално да „одите над градот“ (фото) Се наоѓа во центарот на Мадрид на врв од хотел  и нуди панорамски 360° погл...
Најубавите есенско украсени локали низ Македонија за 2025 - како од бајка Цвеќиња и дрвја со лисја во жолти и портокалови нијанси, украси со тикви, пампас...
Кул кафуле со црвен ентериер и париски шмек во центарот на Скопје (фото) Во центарот на Скопје има мал урбан локал, обоен во црвено, кој е вистински инст...
Рајско место на само 12km од центарот на Скопје - Масички на 'плажа' покрај Треска, шарени чадори и ... Кафе на плажичка покрај Треска... Звучи совршено, зарем не? Плус на шарени lazy ...

Најчитани неделава