На гости кај Ангела Ѓоргиева: Стан со неутрални бои и природни материјали (фото)
- Детали
- сабота, 14 декември 2024
„Уредувањето се случуваше за многу краток период, очекувавме бебе и сакав да биде готово и да се вселиме пред да се роди бебето“, ја започнува приказната за уредувањето на домот Ангела Ѓоргиева (28) за CRNOBELO.com.

Ангела Ѓоргиева (28) е контент креатор на Инстаграм, мајка на две мали деца, и живее со семејството во стан во Скопје.
Таа на својот Инстаграм профил со години споделува различни содржини, како мода, убавина, мајчинство и други аспекти од секојдневието.

За уредувањето на станот Ангела споделува за CRNOBELO.com:
„Уредувањето се случуваше за многу краток период, очекувавме бебе и сакав да биде готово и да се вселиме пред да се роди бебето.


Сестра ми, која е архитект по струка и има свое студио за ентериер (GIA), ни помогна во целиот процес.

Знаев дека сакам максимално да се искористи просторот, и да создаде функионален и практичен ентериер, особено во кујната и плакарите.


Одбравме неутрални бои и природни материјали, како дрво и камен, со што се постигна чувство на смиреност и топлина.


Декоративните лајсни на ѕидовите и плафонот го збогатуваат просторот и му даваат суптилен класичен момент.

Внесуваат доза на елеганција, создавајќи хармоничен спој помеѓу модерното и класичното, додека останатите елементи го одржуваат просторот функционален.
