На гости во семејниот дом на Давор - Dave’s Kitchen во Охрид: Куќа со пространа кујна, поглед кон езерото и рајско дворче (фото)
За кујната обрнавме најмногу внимание бидејќи таа е просторијата која е „виновна“ да го собере целото семејство на трпеза. Таму се прават сите оние прекрасни рецепти кои ги споделувам на Фејсбук и Инстаграм.

Дневната е голема и пространа и во неа се одлучивме да ставиме камин, централно поврзан со подно греење и радијатори низ целата куќа.


Дворот е место каде што најмногу поминуваме време. Неодамна направивме и фурна за подготовка на топли лебови, пити, а на есен знаеме да ја искористиме и за печење тиква или костени.


Дворот изобилува со цвеќиња во текот на целата година.

На пролет тука се нарцисите, лалињата, ирисите, во лето - мини ружичките цветаат низ целиот двор, петуниите се преплавени со цвет, а на есен - есенските цвеќиња хризантеми.


Прекрасно е чувството кога ќе се разбудите со песната на птиците, а за неколку минути можете да уживате во првото утринско кафе со прекрасен поглед за кој многумина рекле дека вреди милион долари.


Вечерите се пријатни свежи и со поглед кон едно од најубавите зајдисонца во светот“.

