На гости кај Ангела во Скопје: Стан од 67m2 во Тафталиџе со совршена детска соба и тераса како мала оаза (фото)
Навечер, кога ќе ги запалам светилките, се создава магична, интимна атмосфера. Понекогаш дури и не ми се влегува внатре – тоа е моето мало бегство без да го напуштам станот.

Уредувањето на детската соба беше еден од најубавите, но и најпредизвикувачки процеси.
Сакав просторијата да биде и естетска и практична, а во исто време забавна и безбедна за Ева.

Ѕидовите ги оставив во неутрална бела боја, а боите ги внесов преку детали – тепих со виножито, ѕидна игра „дама“ што Ева ја обожава.

Мебелот е на нејзина висина, инспириран од Монтесори пристапот – поличките, масичката за цртање, сè е достапно за неа.

Над креветчето поставивме балдахин – магично катче за соништа и игра.

Играчките ги чуваме во плетени корпи – естетски, природни и практични.
Сакав собата да биде нејзино мало кралство – просторија што инспирира игра, но и внесува мир.

Кога ја уредував кујната, целта ми беше да биде светла, функционална и лесна за одржување.
Белата боја ја избрав како основа бидејќи создава чувство на просторност и чистота.

