На гости кај Ангела во Скопје: Стан од 67m2 во Тафталиџе со совршена детска соба и тераса како мала оаза (фото)
Дрвените детали – даски, полици и мали украси внесуваат топлина.
Додадов и црни метални елементи, како држачи и рачки, кои даваат модерен индустриски допир, без да го нарушат чувството на удобност.

Спалната ми беше замислена како лична оаза. Простор без визуелен хаос, место за вистинска релаксација.
Се држев до неутрална палета – бела, крем и светлосива боја.

Со неколку декоративни перничиња и ќебиња во сродни тонови создадов чувство на топлина и хармонија.

На еден од ѕидовите имам огледало со плетена рамка – визуелно го проширува просторот и додава природен акцент“.
















©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
