На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото)
- Детали
- сабота, 20 декември 2025
„Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внатрешниот дел, имавме малку поголема пауза кога се разболе нашата ќерка Тара. Две години запре сè за нашето семејство, па така и викендичката беше на последно место. Но, сега се финализираше и жал ми е што само баба ми и дедо ми не дочекаа да ја видат. Ja oбожаваме!“, вели Христина Пан (36) за CRNOBELO.com.

Христина Пан (36) е инженер по биологија, кој е „заглавен“ на Инстаграм, каде има заедница од повеќе од 30.000 следбеници.
Нејзиниот сопруг Петар (40) е оперативен менаџер во Networker Club.
Тие имаат три ќерки и тоа близначките Хана и Тара (3 години) и најмалата Калија (10 месеци).
Тие живеат во Скопје, но омилени им се слободните денови кои ги поминуваат во викендичката во Слепче.
Христина за уредувањето на викендичката за CRNOBELO.com вели:
„Во Слепче не живеам скоро 20 години, но секогаш му се враќам и ми е во срцето.

Петар уште првиот пат кога го однесов се заљуби во селото и околината.

Еден ден додека седевме во двор, ја гледавме старата плевна на дедо ми и викаме, а да си ја направиме викендичка?

Го прашав дедо ми дали може, ми кажа: „Ако чeстиш пиво, татко ти не ми дава“.
Плевната ја добив за едно пиво. Така почна сè, од најобична шега…

Почнавме со чистење и фрлање на работи (може ќе се најдат за нешто).
Трите ѕида беа здрави и ги зачувавме, сè останато правевме одново.


Знаевме само дека сакаме да биде од камен и дрво.
