На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото)
Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внатрешниот дел, имавме малку поголема пауза кога се разболе нашата ќерка Тара.

Две години запре сè за нашето семејство, па така и викендичката беше на последно место.

Сега, фала му на Господ сè е во ред, па малку по малку завршуваме сè што треба за да биде приспособена за живот со три деца.

Има уште за средување во спалната соба и бањата, тие ќе ви ги покажам во следна пригода, но прилагодени се за користење.


Често се смееме дека сега спиеме кај што спиело магарето, а Тара упорно го бара магарето по соби.

Неодамна бевме во Слепче и ја украсив старата елка таму, со буквално сè што најдов, си ставив дел и од лампионите од мојата прва елка.
