Дом кој совршено го отсликува шмекот на Менхетен (фото)

Сместена во срцето на Менхетен, оваа куќа за првпат била изградена пред 158 години. „Брчките од староста“ веќе биле многу видливи кога новите сопственици решиле да вложат во нејзиното реновирање.

dom-koj-sovrseno-go-otslikuva-smekot-na-menheten-001.jpg

Еден од најзабележливите делови се секако спиралните скали кои водат до самиот кров, од каде преку големиот стакленик навлегува природна светлина, а целиот елемент создава чувство на перспектива и пространост.  

Она што новите сопственици решиле да го задржат како сеќавање на минатото на куќата се винтиџ камините во дневната соба и делот за јадење, надополнети со специјално изработените софи кои сосема ја доловуваат сликата за богатата историја на оваа куќа.

Кујната е уште еден од деловите каде е задржан старинскиот изглед, а посебен детаљ е подот изработен од марокански плочки кој совршено се вклопува во бело-сивиот ентериер.

Делот зад куќата е искористен за мирно катче за опуштање со пријателите или место за ручек на отворено, слично како и кровот на куќата каде со поставувањето на саксиите со трева и цвеќе се создава една прекрасна мирна оаза.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Лина: Пентхаус стан во Скопје со модерна технологија на гласовни команди и бавча на пок... „Мое омилено катче е покривот... Најголема радост ми е малата бавча која стана м...
Рибник со етно амбиент во селото Оморани е рај за сите љубители на природа (фото) На 80 километри од Скопје, покрај реката Бабуна, се наоѓа рибник со мовчиња, цве...
На гости кај Драгана и Михаил: Есенски декориран стан во Скопје, каде мебелот е изработен од Михаил ... „Домот ми е исклучително важен, бидејќи најголемиот дел од времето го поминувам ...
Локал покрај карпа на Тасос е совршен за гледање зајдисонце - има и ноќни журки со диџеи (фото) Ако сакате да гледате совршено зајдисонце во модерна, но релаксирачка атмосфера,...
На гости кај Тијана: Совршено уреден стан од 76m2 во скопската населба Илинден, со детска лизгалка (... „Започнавме од нула и сега сме пресреќни. Не е можеби нешто големо, но за нас е,...

Најчитани неделава