Мало поткровје создадено за млади парови

Таванските простории несомнено имаат свој шарм и животот во нив е одличен, но истовремено нивното уредување е предизвик само по себе.

malo-potkrovje-sozdadeno-za-mladi-parovi-1.jpg

Бидејќи овие домови се претежно мали и понекогаш ниски, кога ги декорираме секогаш треба да се обрне многу поголемо внимание на деталите.

Денес ви претставуваме мало поткровје со површина од 37м2, што може да се пофали со функционален и добро уреден ентериер, совршен за живот во пар.

За да се обезбеди доволно простор за сите потребни простории, внатрешноста е организирана како живеалиште со отворен план. Кујната и дневната соба се споени во едно, заземајќи го средишниот дел на станот, а спалната соба и бањата се на надворешната страна.

Во станот доминира белата боја, која дава чувство на смиреност и визуелно го зголемува просторот. Покрај белите ѕидови и тавани, голем дел од мебелот исто така е во бела боја, а тоа во комбинација со дрвениот под го доловува чувството на скандинавските ентериери.

Друг фактор кој помага изгледа поголемо отколку што е всушност е големото количество природна светлина која доаѓа од големите прозорци.

Можеме да забележиме дека нема многу мебел, што е разбирливо, со оглед на неколкуте простории. Декоративните елементи исто така се со ограничен број, но се поставени на одлично избрани места и успеваат да влијаат позитивно. Црно-белите слики се избрани како совршен декор на намерно незавршениот бетонски ѕид, што го дели ходникот и кујната.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домот на Нина Бадриќ на Хвар е како од бајка - Рустична камена куќа со тиркизни детали и медитеранск... Однадвор сè е изработено од камен и во рустичен стил, а внатре доминира медитера...
Рибник со етно амбиент во селото Оморани е рај за сите љубители на природа (фото) На 80 километри од Скопје, покрај реката Бабуна, се наоѓа рибник со мовчиња, цве...
На гости кај Данче: Семејна куќа во Струмица каде просторот „дише“, а се чисти со сода и оцет, како ... „Нашата куќа е од типот на куќи во низа и едната страна е на исток – дневниот пр...
На гости кај Лина: Пентхаус стан во Скопје со модерна технологија на гласовни команди и бавча на пок... „Мое омилено катче е покривот... Најголема радост ми е малата бавча која стана м...
На гости кај Македонци во Виена: Детската соба на Тифани (3) има гардеробер со 30 пара чевли и е под... „На само 5 месеци Тифани имаше околу 30 пара чевлички. Организацијата ми е многу...
Нема келнери, храната и пивото ви стигаат со вовче на шини - Локал во Прага е хит кај туристите, мор... Ако во скоро време одите на патување до Прага (имајќи предвид дека наскоро ќе им...

Најчитани неделава