Во скромниот стан на Иванка Трамп (фото)

Иванка Трамп, ќерката на новоизбраниот американски претседател, е негова десна рака кога е во прашање работата, но кога е во прашање уредувањето на домот очигледно има сосема поинаков став.

vо-skromniot-stan-na-ivanka-tramp-1.jpg

Додека луксузниот пентхаус во кој живее Трамп е познат по кичот, златото, статуите и фонтаните на средина од дневната соба, нејзиниот стан е далеку поскромен.

Таа ги отвори вратите од нејзиниот стан на Менхетен за списанието „Elle Decor“. Пред пет години таа и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер се вселија во станот кој чинеше 1,6 милиони долари.

Ако го исклучиме уредувањето, она кое со сигурност имало големо влијание на цената е панорамскиот поглед на градот кој станот го нуди.

За уредувањето на четирисобниот била задолжена самата Иванка, во што и помогнала и дизајнерката Кели Бехун.

Бидејќи семејството е составено од три деца, станот е прилагоден за најмалите.

Дневната соба и трпезаријата се опремени со мебел по мерка и главно имаат смирени и пастелни тонови.

Станот располага со површина од околу 360 метри квадратни, а покрај модерните уметнички дела и пијаното, може да се забележи дека Иванка не штедела на осветлувањето.

Бидејќи нејзиниот сопруг е евреин, таа пред венчавањето ја примила неговата вера, па во домот се забележливи детали од еврејската култура и традиција.

Помеѓу најскапите детали во станот сигурно се наоѓа кујната опремена со најнови елементи и апарати.

Сепак, многу поскромно од она што очекувавме:

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Во домот на Павлина: Куќа во Битола уредена со ретро предмети и гоблен извезен од нејзината мајка „Посебна љубов ми се реставрираните предмети од 80-ти и 90-ти. Гоблените ми се п...
Во домот на Ивана и Миро Кацаров: Стан од 120m2 во Пржино, со камин и црвен фрижидер (фото) „Спалната е удобна и мирна, со мек кревет, нежно осветлување и едноставни детали...
На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
На гости кај Лина: Пентхаус стан во Скопје со модерна технологија на гласовни команди и бавча на пок... „Мое омилено катче е покривот... Најголема радост ми е малата бавча која стана м...

Најчитани неделава