Во $100 милионскиот пентхаус на Доналд Трамп
- Детали
- среда, 16 ноември 2016
Демонстранти ги исполнуваат улиците пред неговиот дом, па Доналд Трамп моментално е принуден да остане во својот пентхаус во Њујорк кој вреди $100 милиони долари.
Претседателот на Америка, Трамп, започна да ги прави своите први планови и да ги извршува своите одговорности од неговиот дом кој е целиот во златни детали, а меѓу другото и вклучува Мрецедес мал автомобил како играчка за неговиот 10-годишен син.
Неговиот дом се наоѓа на Петтата Авенија - место кое моментално е константно исполнето со демонстранти.
Имотот е на 3 ката и целиот е исполнет со скапи мермерни ѕидови, кристални лустери и статуи кои вредат милиони долари, а се инспирирани од грчките богови.
Меѓу деталите од домот, може да се напомени и книгата „GOAT: A Tribute to Muhammad Ali“ која ја има само во 1.000 копии и е лично потпишана од Мухамед Али и Џеф Кунс и чини $15.000 долари.
Над златниот камин има слика од Аполон, синот на Зевс, а под сликата грчки вази во атински стил во совршена симетрија со остатокот од декорот.
Во собата има статуа од Ерос и Психа.
Во дневната соба можете да забележите дека сè е во совршена симетрија, а на секоја од масите има Vogue и Vanity Fair.
Декорот инаку, е дело на дизајнерот Анџело Дониа кој работел за многу славни и познати личности како Ралф Лорен, Барбара Волтерс, Мери Тајлер Мур, Лајза Минели, Нил Сајмон и Дајана Рос.
Доналд има и соба за појадување во која појадува од златни чинии и чаши.
Во канцеларијата на Меланија има кутија за чување накит од Louis Vuitton, репродукција на делото на Реноар, „Ложа“.
Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





