Kуќичка со галерија: Совршен мини дом за млад пар

Подгответе се да бидете воодушевени! Со површина од само 33 метри квадратни, оваа преубава скандинавска куќичка е мало станбено чудо.

kukjichka-so-galerija-sovrshen-mini-dom-za-par-1.jpg

Станува збор за модерна архитектонска градба во Шведска, која однадвор е oбложена со дрво, што ѝ дава несекојдневно привлечен рустичен призвук. Приватниот влез, градината, како и големите прозорци со кои комплетно е отворена кон средината, сочинуваат само дел од нејзиниот автентичен шарм.

Ентериерот, пак, открива внимателно испланиран и едноставно уреден простор, чиј дизајн се карактеризира со светли бои и умереност кога се деталите во прашање. Преовладува неутралната палета на тонови, од чисто бела до темно сива, но и по некој зелен акцент.

Куќичката се протега на два ката, со приземје во кое се позиционирани  дневниот престој, кујната и бањата, како и втор кат во облик на отворена галерија, каде се наоѓа удобната спална соба.

Совршено катче за престој на љубовна двојка, зар не?

Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се од прекрасните идеи кои ги нуди:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото) Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претеран...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Етно ресторан во природа, на 20km од Скопје, со домашни пити е рај за сите сетила (фото) Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
Кафуле во Белград е мини рај со зајчиња - можете да пиете кафе додека ги галите (фото) Ако сакате необично искуство и сте вљубеници во животните, ова кафуле e совршени...

Најчитани неделава