Сиво-жолта хармонија: Во домот на Ивана од Скопје (фото)


Сиво-жолта хармонија: Во домот на Ивана од Скопје (фото)

Впечатлива жолта фотелја, лустер со геометриски дизајн, кали, слики на ѕидовите... На гости во домот на Ивана (25) од Скопје.

sivo-zholta-harmonija-vo-stilskiot-dom-na-ivana-od-skopje-foto-01.jpg

Ивана Илиева (25) е вработена во финансиска институција и паралелно е студент на Факултетот за Специјална едукација и рехабилитација, а исто така и студент на Академија за Графички дизајн.

Нејзиниот дом е одраз на нејзината личност и секој детаљ во него е внимателно избран.

Вели дека желбата за уредување на ентериери ѝ се појавила уште од мали нозе, со мешање на бои и правење на детски цртежи.

За CRNOBELO.com таа открива како се инспирирала за уредувањето на нејзиниот стилски дом:

„Отсекогаш сум сакала дома да ми е средено, комфорно и модерно, сето ова е наследено од мојата мајка која уште како мала ме учеше дека деталите се тие кои го прават домот целина.

sivo-zholta-harmonija-vo-stilskiot-dom-na-ivana-od-skopje-foto-03.jpg

Ме научи да размислувам креативно и да се обидувам да ги вклопувам работите сама, па затоа и голем дел од работите во мојот дом се DIY- проекти. 

sivo-zholta-harmonija-vo-stilskiot-dom-na-ivana-od-skopje-foto-04.jpg

Омилен од нив ми е табуретката која е рачна изработка.

sivo-zholta-harmonija-vo-stilskiot-dom-na-ivana-od-skopje-foto-02.jpg

Голем дел од инспирацијата за сите проекти ја добивам од студија за ентериери, веб страни за дизајни и платформата Pinterest.

sivo-zholta-harmonija-vo-stilskiot-dom-na-ivana-od-skopje-foto-09.jpg

Секое парче коешто е поставено во мојот дом е избрано со многу љубов и внимание, но омилено катче во него ми е делот каде може да ги правам промените според секое годишно време (бидејќи доста брзо ми здосадуваат работите, па сакам да правам промени). Тоа е оваа масичка која постојано трпи промени во текот на годината.

sivo-zholta-harmonija-vo-stilskiot-dom-na-ivana-od-skopje-foto-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Kуќичка со галерија: Совршен мини дом за млад пар Подгответе се да бидете воодушевени! Со површина од само 33 метри квадратни, ова...
Стилска тераса во бохо стил: На гости кај Катерина од Скопје (фото) Терасата е во комбинација на бохо и скандинавски стил, со многу растенија и сија...
Најпосакуваниот дом во Британија има приватна кино сала, голф терен и куглана (фото) Во близина на Лондон постои замок кој е идеално место за сите оние кои сакаат гр...

Најчитани неделава